bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Proverbs 15
Proverbs 15
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
1
Гневот и разумни погубува. Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува.
2
На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупост им објавува.
3
Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат лошите и добрите.
4
Кроток јазик е дрво на животот, кој го запазува – ќе се исполни со дух.
5
Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша изобличувања, благоразумен е. Во многу правда име голема сила, а нечесните ќе бидат искоренети од земјата.
6
Во куќата на праведникот – обилни ризници, а имотот на нечесниот – пропаѓа.
7
Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така.
8
Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, а одговорите на праведните Му се благоугодни.
9
На нечесниот патот е одвратност пред Господа, а кој ја бара правдата, Он го сака него.
10
Казната на добриот сите ја гледаат, а кој го мрази изобличувањето – срамно завршува.
11
Пеколот и пропаста се откриени пред Господа, а како ли нема да бидат – срцата на синовите човечки?
12
Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите.
13
Весело срце го прави лицето весело, а при срдечна жалост – тоа е натажено.
14
На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со зло се хранат.
15
На измамник сите дни му се тажни; а на кого срцето му е весело, во него секогаш има гозба.
16
Подобро малку, но со страв Господов, отколку голема ризница, и со неа немир.
17
Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза.
18
Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот расправии смирува. Трпеливиот караници смирува, а нечесниот ги разгорува.
19
Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист.
20
Мудар син го радува татка си, а безумниот – ја ожесточува мајка си.
21
На малоумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат.
22
Без советување намерите се расутраат, а при многу советници тие успеваат.
23
Безумниот не слуша добар совет, а и не советува она што е добро за сите.
24
Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси.
25
Господ ќе го сотре домот на гордите, а меѓата на вдовицата ќе ја зајакне.
26
Помислите на лошите се одвратни пред Господа, а зборовите на непорочните Му се угодни.
27
Лакомиот ќе го растури својот дом, а оној, кој мрази подароци, ќе живее; со милостиња и чесност гревовите се чистат, а стравот од Господа запазува од гревот.
28
Срцето на праведниот се поучува од верата, а устата на нечесните исфрла зло. Пријатни се пред Господа патиштата на праведните; преку нив и непријателите стануваат пријатели.
29
Господ е далеку од нечесните, но ја слуша молитвата на праведните.
30
Светол поглед срце радува, добра вест коски храни.
31
Кој го слуша учењето на животот, меѓу мудри ќе живее.
32
Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој ја сака душата своја.
33
Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31