bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Proverbs 22
Proverbs 22
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 23 →
1
Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е добра слава, отколку сребро и злато.
2
Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.
3
Умниот го гледа злото и се клони; а безумните одат напред и се казнуваат.
4
Плодови на мудроста се: стравот Господен, богатството, славата и животот.
5
По патот на подмолниот – трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив.
6
Поучи го момчето го почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.
7
Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.
8
Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе го удри него самиот,
9
Господ го сака човекот, што доброволно дава, и ќе го пополни недостигот не делата негови.
10
Милосрдниот ќе биде благословен, што им дава на бедните од лебот свој. Кој дава подароци, печали победа и чест, и дури овладува со душите на оние, што ги добиваат.
11
Истерај го подбивачот, и раздорот ќе изчезне, ќе престанат кавгата и навредите.
12
Господ љуби чисто срце, Нему Му се пријатни оние, што одат по прави патишта; со устата своја управува царот над народот свој.
13
Очите на Господа го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Он ги презира.
14
Мрзливиот вели: »Лав на улицата! На патот има разбојници!«
15
Устите на законопрестапниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа. Пред лошите се појавува лош пат, но тие продолжуваат да одат по него,
16
Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него.
17
Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.
18
Наклони го увото и слушај ги зборовите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови, за да разбереш дека се добри.
19
Зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.
20
За да биде твојата надеж во Господа, јас ти го покажувам патот твој.
21
А ти сега запиши ги трипати, советите и поуките во срцето свое; јас те поучив на зборовите вистински и добри, ти одговарам, точно на сите твои прашања.
22
Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник при портите, –
23
оти Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни.
24
Не дружи со гневлив и не оди со човек жесток,
25
за да не се навикнеш на нивни патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.
26
Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови:
27
ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?
28
Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.
29
Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе стои пред цареви, нема да стои пред прости.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31