bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Proverbs 21
Proverbs 21
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 22 →
1
Срцето на царот е во раката на Господа, како водните потоци: Он го насочува, каде што ќе посака.
2
Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата.
3
Да ја пазиш правдата и правосудието Му е поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите.
4
Горделивите очи и надуеното срце се светило на грешник, а тоа е грев.
5
Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува трпи немаштија.
6
Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта.
7
Насилството на нечесните ќе се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро.
8
Крив е патот на развратниот човек; а на чистиот постапките му се прави.
9
Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во заедничка куќа, а со жена кавгаџика.
10
Душата на нечесниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.
11
Кога го казнуваат подбивачот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење.
12
Праведниот го набљудува срцето на нечесниот: гледа како нечесните паѓаат во грев.
13
Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ќе пишти, – и нема да го чујат.
14
Таен подарок го стивнува гневот, а дар под рака – и жестоката јарост.
15
Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло.
16
Човек кој скршнал од патот на разумнот, ќе се насели во собранието на мртвите.
17
Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати.
18
Нечесниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот – за простодушниот.
19
Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика.
20
Скапоцени добра и елеј има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура.
21
Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава.
22
Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која се надевале нечесните.
23
Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло.
24
На дрскиот силник – името му е потсмевач – дејствува со прекумерна дрскост.
25
Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат.
26
тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал.
27
Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, зашто ја принесуваат со лукавство.
28
Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш.
29
Нечесниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој.
30
Нема мудрост, нема разум, нема совет – против Господа.
31
Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господа.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31