bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Proverbs 20
Proverbs 20
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 21 →
1
Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.
2
Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси.
3
Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа.
4
Мрзливиот од укори не се срамува, не се срамува ни оној, кој позајмува жито за време на жетва.
5
Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува.
6
Мнозина го фалат човекот за милосрдноста негова, но кој наоѓа вистински човек?
7
Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него.
8
Кога цар праведен седи на престол, нему не му се противи никакво зло.
9
Кој може да каже: »Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?«
10
Нееднакви терзии, нееднаква мерка, – и едното и другото се одвратност пред Господа.
11
Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ќе биде и правилно ли ќе биде поведението негово?
12
Уво, кое слуша, и око, кое гледа, – и едното и другото Господ го создал.
13
Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ќе јадеш леб до наситување.
14
»Лошо е, лошо е,« вели купувачот, а кога ќе одмине, тогаш се фали.
15
Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од сѐ.
16
Земи ја облеката негова, бидејќи се заложил за туѓ човек; и за туѓинка земи залог од него.
17
Леб, спечален со неправда, му се засладува на човека; но подоцна – устата негова со песок се наполнува.
18
намерите добиваат цврстина преку советување: и по советувањето водат војна.
19
Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај.
20
Кој зборува лошо за татка си и мајка си, зениците на очите негови ќе згаснат среде длабока темнина.
21
Наследство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле.
22
Не вели: »Ќе му се одмаздам на непријателот«, туку остави на Господа, Он ќе ти помогне.
23
Двојни мерки се одвратност пред Господа; и неточни мерки не се добри пред Господа.
24
Стапките на човекот се определуваат од Господа; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој?
25
Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае.
26
Мудар цар ги распознава нечесните и го свртува врз нив тркалото.
27
Господово светло е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето.
28
Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одржува престолот свој.
29
Слава за младите е нивната сила, а украс за старците – е нивната бела коса.
30
Раните од борбата се лек против злото, исто така и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата.
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31