bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Proverbs 30
Proverbs 30
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 31 →
1
Зборовите на Агура, син Јакеов, од Маса; негово пророштво, кажано на Итила, за Итила и Укала.
2
Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки,
3
Бог ме научи на премудрост и ја разбрав разумноста на светиите.
4
Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли?
5
Секој збор од Бога е чист; Он му е штит на оној, што се надева на Него.
6
Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.
7
За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам:
8
суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, – храни ме со насушниот леб,
9
та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: »Кој е Господ« и, откако ќе осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребува името на мојот Бог напразно.
10
Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен.
11
Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!
12
Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои.
13
Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!
14
Лошото чедо има заби како мечеви, а катниците негови се како ножеви, за да ги изедува сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето.
15
Пијавицата има две ќерки кои велат »Дај, дај!« Има три работи ненаситни и четири што не велат »Доволно.«
16
Тое се: пеколот и утробата неплодна, земјата, која не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: »доста!«
17
Око, кое му се потсмева на татка си и не сака да се покорува на мајка си, кое ќе биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено!
18
Тие работи се недостижни за мене, а четвртата, не ја ни разбирам:
19
патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на коработ среде море и патот на маж во младоста негова.
20
Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: »ништо лошо не сум направила.«
21
Од три работи се тресе земјата, а четвртата не може да ја поднесе:
22
од слуга, кога ќе стане цар; од безумен, кога до наситување ќе се најаде со храна,
23
од распуштена жена, кога ќе се омажи, и од слугинка, кога го зазема местото на господарката своја.
24
Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците:
25
мравките – во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната;
26
јазовците – иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;
27
скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови;
28
пајакот, кој со раце се лови, но се наоѓа и во царските палати.
29
Еве три, коишто убаво чекорат, и четвриот, кој свечено настапува:
30
лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого;
31
и петелот кој надуено шета меѓу кокошките; како царот меѓу својот народ.
32
Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја.
33
Зашто, како кога се бие млеко, се добива масло, кога ќе се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 31 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31