bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 10
Romans 10
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 11 →
1
Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за Израилот е тој да биде спасен.
2
Бидејќи им сведочам дека имаат ревност за Бога, но без правилно сознание.
3
Зашто, не знаејќи за Божјата праведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се потчинија на Божјата праведност,
4
бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што верува.
5
Зашто Мојсеј пишува за праведноста која е од Законот: „Човекот што ќе го исполни, ќе биде жив преку него.“
6
А праведноста од верата вели: „Да не речеш во своето срце: Кој ќе се искачи на небото?“, односно, да Го симне Христос –
7
или: „Кој ќе слезе во бездната?“, односно, да Го изведе Христос од мртвите!
8
А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,
9
зашто, ако со својата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во своето срце поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите – ќе се спасиш;
10
бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
11
А и Писмото вели: „Никој, што верува во Него, нема да се посрами.“
12
Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто ист е Господ на сите, богат за сите што Го повикуваат.
13
Бидејќи секој што ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
14
Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? И како да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да се слушнат без проповедник?
15
И како да проповедаат, ако не се испратени? Како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние што благовестат мир, што го благовестат доброто.“
16
Но не сите го послушаа благовестието. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува откако нѐ слушна?“
17
И така, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од словото Божјо.
18
Но велам: зар тие не слушнаа? Напротив. „Нивниот глас се разнесе по целата земја, и нивните зборови – до краиштата на светот.“
19
Повторно велам: зар Израил не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе ја разбудам ревноста кај вас преку оние кои не се народ; преку неразумен народ ќе ве разгневам.“
20
А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се открив на оние што не прашаа за Мене.“
21
За Израилот, пак, вели: „Постојано ги подавав Своите раце кон непокорен и бунтовен народ.“
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16