bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 11
Romans 11
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
1
Па велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, Авраамов потомок, од Венијаминовото племе.
2
Бог не го отфрли Својот народ, кого однапред го знаеше. Или не знаете што вели Писмото за Илија, како тој Му се жали на Бога против Израил, велејќи:
3
„Господи, ги убија Твоите пророци и ги раскопаа Твоите жртвеници; јас останав сам, па и мојот живот го бараат.“
4
Но што му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“
5
Така и во сегашно време има еден остаток, избран по благодат.
6
Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, инаку благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; инаку делото не би било дело.
7
И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а останатите се закоравија,
8
како што е напишано: „Бог им даде дух на бесчувствителност, очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“
9
И Давид вели: „Трпезата нивна нека им стане стапица и замка, соблазна и отплата;
10
нека им се замрачат очите, за да не гледаат, и грбот нека им се свитка засекогаш.“
11
Па велам: зар се сопнаа за да паднат? Не! Туку со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, та да разбуди ревност кај нив.
12
Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивното опаѓање – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната полнота!
13
Вам, незнабошци, ви велам: бидејќи сум апостол на незнабошците, јас ја прославувам мојата служба,
14
та некако да разбудам ревност во својот род по тело, и да спасам некои од нив.
15
Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, што би било нивното прифаќање, ако не оживување од мртвите?
16
Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто; и ако коренот е свет, свети се и гранките.
17
Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си накалемен на нивното место и си станал соучесник и на коренот и на маслото од маслинката,
18
не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека не ти го држиш коренот, туку коренот тебе!
19
Но ќе речеш: гранките беа откршени за јас да бидам накалемен.
20
Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: не вообразувај се, туку имај страв.
21
Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, ни тебе нема да те поштеди.
22
Затоа, види ја Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако истраеш во благоста; во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен.
23
Но и тие, ако не останат во неверието, ќе бидат накалемени, зашто Бог има моќ повторно да ги накалеми.
24
Зашто, ако ти си отсечен од маслинка која е по природа дива, и спротивно на природата си накалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе бидат накалемени на својата маслинка оние кои по природа се од неа.
25
Браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, сакам да ја знаете оваа тајна: дел од Израилот отврдна додека не биде приопштен севкупниот број на незнабошците.
26
И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.
27
И ова им е заветот од Мене, кога ќе ги одземам нивните гревови.“
28
Значи, според благовестието, тие се непријатели Божји – поради вас; а според избраноста, тие се возљубени од Бога – поради татковците,
29
бидејќи даровите и Божјиот повик се неотповикливи.
30
Како што и вие некогаш бевте непокорни кон Бога, а сега сте помилувани, поради нивната непокорност,
31
така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да бидат помилувани.
32
Зашто Бог ги затвори сите во непокорност, за да ги помилува сите.
33
О, длабочино на Божјото богатство, мудрост и знаење! Колку се непроникливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!
34
Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?
35
Или, кој однапред Му дал нешто, за да му биде вратено?
36
Зашто, сѐ е од Него, преку Него и во Него. Нему слава довека. Амин!
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16