bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 8
Romans 8
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 9 →
1
Според тоа, сега нема никакво осудување за оние кои се во Христос Исус и кои не се водат по телото, туку по Духот.
2
Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.
3
Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог. Испраќајќи Го Својот Син во тело подобно на гревовното тело и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото,
4
за да се исполни правдата на Законот во нас, кои се водиме не по телото, туку по Духот.
5
Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а оние кои живеат по Дух – за духовното.
6
Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир.
7
Зашто копнежот на телото е непријателство кон Бога, тој не му се покорува на Божјиот закон, ниту пак може.
8
А оние, кои живеат по телото, не можат да Му угодат на Бога.
9
Вие живеете не по тело, туку по Дух, само ако Божјиот Дух живее во вас. А ако некој го нема Христовиот Дух, тој не е Негов.
10
Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво поради грев, а духот живее поради праведноста.
11
Но ако Духот на Оној што Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној што Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12
И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото, за да живееме по телото;
13
бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе живеете.
14
Сите оние што се водени од Божјиот Дух, се синови Божји;
15
зашто вие не примивте дух на ропство, па повторно да се плашите, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“
16
Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда.
17
А ако сме чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници на Христос, ако со Него страдаме, со Него и да се прославиме.
18
Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата која треба да ни се открие.
19
Бидејќи сето создание, силно надевајќи се, го очекува откривањето на Божјите синови.
20
Зашто созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној што го покори, со надеж
21
дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на Божјите чеда.
22
Зашто знаеме дека дури до сега целото создание заедно воздивнува и страда во породилни болки.
23
И не само тоа, туку и ние, што ги имаме првините на Духот, силно воздивнуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело.
24
Зашто со таа надеж бевме спасени; а видливата надеж не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа?
25
Но, ако се надеваме на она што не го гледаме, тогаш со трпение го очекуваме.
26
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме што би требало да измолиме, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливи воздишки.
27
А Оној што ги испитува срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата Божја се застапува за светиите.
28
А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани според Неговата замисла, сѐ им содејствува за добро;
29
зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни на ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.
30
А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
31
Тогаш, што да речеме за ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
32
Оној што не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, зар нема да ни подари со Него сѐ?
33
Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог е Тој што оправдува!
34
Кој е тој што ќе ги осуди? Христос Исус, Кој умре, а згора на тоа и беше воскреснал, и Кој е од десната страна на Бога и се застапува за нас!
35
Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали маката? Или тегобата? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот?
36
Како што е напишано: „Заради Тебе постојано нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“
37
Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној што нѐ возљуби.
38
Зашто сигурен сум дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни началата, ни силите, ни сегашноста, ни иднината,
39
ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од Божјата љубов која е во Христос Исус, нашиот Господ.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16