bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 5
Romans 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
1
И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос,
2
преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надеж на Божјата слава.
3
Но не само тоа, туку се фалиме и во маките, знаејќи дека маката раѓа трпение;
4
трпението, пак – искуство, а искуството – надеж.
5
Надежта пак, не посрамотува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух Кој ни е даден
6
Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците.
7
Навистина, тешко некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.
8
Но Бог ја докажа Својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.
9
И уште повеќе сега, кога веќе сме оправдани со Неговата крв, преку Него ќе се спасиме од гневот.
10
Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.
11
А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого сега добивме помирување.
12
Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, така и смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија.
13
Зашто гревот беше во светот уште пред Законот, но, кога нема закон, гревот не се смета.
14
А сепак смртта царуваше од Адам до Мојсеј и над оние што не погрешија со прегрешение слично како она на Адам, којшто е праобраз на Оној што требаше да дојде.
15
Но, со благодатниот дар не е како со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.
16
И она што произлегува од дарот не е како она што стана преку едниот што погрешил, зашто судот заради едниот стана осудување, благодатниот дар, пак, заради многуте прегрешенија стана оправдување.
17
Зашто, ако со прегрешението на еден смртта царуваше преку едниот, дотолку повеќе оние што го примаат изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден – Исус Христос.
18
И така, како што преку прегрешението на еден дојде осудата врз сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот.
19
Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни.
20
Законот, пак, дојде за да се намножи престапувањето; а таму каде што се намножи гревот, преизобилно се излеа благодатта,
21
та, како што гревот царуваше со смртта, така и благодатта да царува преку праведноста за вечен живот преку Исус Христос, нашиот Господ.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16