bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 6
Romans 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
1
И така, што да речеме? Да останеме ли во гревот, за да се умножи благодатта?
2
Никако! Како ние, кои сме умреле за гревот, и натаму да живееме во него?
3
Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Христос Исус, во Неговата смрт се крстивме.
4
И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да зачекориме во нов живот.
5
Зашто, ако сме сраснати во смрт слична на Неговата, тогаш ќе сраснеме и во воскресението,
6
знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде умртвено гревовното тело, па да не му робуваме на гревот;
7
бидејќи оној што умрел е ослободен од гревот.
8
А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,
9
знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира веќе: смртта веќе не господари над Него.
10
Бидејќи тоа што Тој умре, за гревот умре, еднаш засекогаш, а тоа што живее, за Бога живее.
11
Па така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.
12
Гревот, пак, нека не царува во вашето смртно тело, за да не му бидете покорни при страсните желби;
13
и вашите телесни органи не предавајте му ги на гревот како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите телесни органи предадете Му ги на Бога, како орудија на праведноста.
14
Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.
15
Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Никако!
16
Не знаете ли дека, предавајќи се себеси некому како слуги за послушност, му станувате слуги на тој што го слушате: или на гревот – кој води во смрт, или на послушноста – која води кон праведност?
17
Но, фала Му на Бога, иако бевте слуги на гревот, од сѐ срце го послушавте оној образец на учење, на кого се предадовте.
18
И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте слуги на праведноста.
19
Ви зборувам по човечки поради слабоста на вашата природа. Како што ги препуштивте вашите телесни органи во служба на нечистотата и на беззаконието – за беззаконие, така сега предадете ги вашите органи, во служба на праведноста – за светост.
20
Додека му бевте слуги на гревот, бевте слободни од праведноста.
21
И каков плод имавте тогаш од нештата за кои сега се срамите? Бидејќи нивниот крај е смртта.
22
Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте слуги на Бога, го имате вашиот плод – за светост, и крајот – животот вечен.
23
Зашто, платата на гревот, е смрт, а Божјиот дар – вечен живот во Христос Исус, нашиот Господ.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16