bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 9
Romans 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
1
Ја зборувам вистината во Христос, не лажам – тоа ми го сведочи мојата совест во Светиот Дух –
2
дека имам голема тага и непрестајна болка во срцето.
3
Зашто повеќе би сакал јас самиот да бидам проклет и одвоен од Христос заради моите браќа, моите сродници по тело.
4
Тие се Израилци – ним им припаѓаат посинувањето, и славата и заветите, и давањето на Законот, и богослужењето и ветувањата;
5
нивни се и татковците, а од нив потекнува и Христос по тело, Кој е Бог на сите, благословен довека. Амин!
6
Но тоа не значи дека словото Божјо изневерило; бидејќи не сите од Израилот се Израил.
7
Ниту, пак, сите се чеда бидејќи се Авраамово потомство; туку, речено е: „По Исак ќе ти се нарече потомството.“
8
Односно, не децата на телото се Божји деца, туку децата на ветувањето ќе се сметаат за потомство.
9
Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“
10
И не само таа, но и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак,
11
зашто, уште додека близнаците не се беа родиле, ниту, пак, беа направиле нешто добро или лошо, за да остане така како што Бог по избор одредил, не поради делата, туку поради Оној што повикува,
12
ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на помладиот“,
13
како што е напишано: „Јаков го возљубив, а Исав го намразив.“
14
Тогаш, што да речеме? Зар има неправда во Бога? Никако!
15
Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го помилувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“
16
И затоа, изборот не зависи од оној што посакува, ниту од оној што се труди, туку од Бога, Кој покажува милост.
17
Зашто Писмото му вели на фараонот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам на тебе Својата моќ и Моето име да биде проповедано по целата земја.“
18
Па така, кого сака го милува, а кого сака го закоравува.
19
Но ќе ми речеш: „Зошто тој сѐ уште прекорува? Зашто кој може да ѝ се спротивстави на Неговата волја?“
20
Но кој си ти, о човеку, та да Му одвраќаш на Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на ракотворецот: зошто си ме направил таква?
21
Или, зар грнчарот нема власт над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?
22
А што, ако Бог, сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост поднесувал некои садови на гневот, приготвени за погибел,
23
за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за слава
24
односно нас, кои и нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?
25
Како што и кај Осија говори: „Ќе го наречам Мој народ оној што не беше Мој народ, и невозљубената – возљубена.“
26
И на она место, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.
27
А Исаија гласно вика за Израилот: „Дури и ако бројот на Израилевите синови е колку морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен,
28
зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“
29
И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил потомство, ќе станевме како Содом и ќе се уподобивме на Гомор.“
30
Тогаш, што да речеме? Незнабошците, кои не тежнееја кон праведност, добија праведност, и тоа праведност што е од верата.
31
И Израил, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата.
32
Зошто? Бидејќи не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување,
33
како што е напишано: „Еве, полагам на Сион камен за препнување и карпа за соблазна; и секој што верува во Него нема да се посрами.“
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16