bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Romans 7
Romans 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
1
Не знаете ли, браќа – им зборувам на оние што го познаваат Законот – дека Законот господари над човекот сѐ додека тој живее?
2
Омажената жена преку Законот е поврзана со мажот, додека тој е жив; но ако мажот умре, таа се ослободува од Законот, кој ја сврзал за мажот.
3
Затоа, ако се омажи за друг човек додека ѝ е жив мажот, ќе стане прељубница; но ако мажот умре, таа е слободна од Законот, и нема да биде прељубница, ако се омажи за друг човек.
4
Па така и вие, браќа мои, преку телото Христово се умртвивте за Законот, за да Му припаднете на Друг, на Воскреснатиот од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
5
Зашто, кога живеевме според телото, во нашите органи, преку Законот, дејствуваа гревовните страсти, за да ѝ принесуваме плод на смртта;
6
но сега, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, ние сме ослободени од Законот, за да служиме во новоста на духот, а не во изветвеноста на буквата.
7
Тогаш, што ќе речеме? Дека Законот е грев? Никако! Напротив, не би го познал гревот преку Законот, а и за страсните желби не ќе знаев ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“
8
Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква страсна желба; бидејќи без Законот гревот е мртов.
9
Некогаш живеев без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживеа,
10
јас, пак, умрев, и најдов дека заповедта што беше за живот, всушност е за смрт,
11
зашто гревот, поттикнат од заповедта, ме измами и преку неа ме усмрти.
12
Така, Законот е свет, и заповедта е света, праведна и добра.
13
Тогаш, зар доброто за мене стана смрт? Никако! Туку гревот, за да се покаже дека е грев, преку доброто ми предизвикува смрт, та преку заповедта гревот да стане прекумерно грешен.
14
Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот.
15
Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што го сакам, туку она што го мразам, тоа го правам.
16
Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам дека Законот е добар.
17
Но сега веќе не го правам тоа јас, туку гревот што се вдомил во мене.
18
Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба во мене има, но не наоѓам сила да го правам тоа.
19
Зашто не го правам доброто, што го сакам, туку злото, што не го сакам, тоа го правам.
20
Ако, пак, го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот што живее во мене.
21
И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото е присутно во мене.
22
Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во Законот Божји,
23
но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гревовниот закон, кој е во моите органи.
24
Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?
25
Му благодарам на Бога преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревовниот закон.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
Recommended Reading
Commentary
Romans Commentaries
→
Devotional
Romans Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→