bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 10
Deuteronomy 10
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 11 →
1
»Тогаш Господ му рече: ‚Исечи си две камени плочи, слични на првите, и дојди при Мене на планината, и направи си дрвен ковчег.
2
А Јас ќе ги напишам на плочите оние зборови што беа на поранешните плочи напишани, а кои ти ги скрши, и положи ги во ковчегот.‘
3
И направив ковчег од дрво што не гние, па исеков две камени плочи, како поранешните, и отидов на планината со двете плочи во рацете.
4
И ги напиша Он на плочите, како што беше напишано порано, оние десет заповеди, што ви ги кажа Господ на планината среде огнот во денот на собранието, и ми ги предаде Господ.
5
Јас се свртив и слегов од планината и ги положив плочите во ковчегот, што го бев направил, за да бидат тие таму, како што ми заповеда Господ.«
6
Потоа се кренаа синовите Израилеви од Вирот на синовите Јакимови во Мисадај; и умре Арон и таму беше погребан, а место него свештеник стана синот негов Елеазар.
7
Оттаму отидоа во Гадад, а од Гадад во Етавата, во земјата со водни потоци.
8
Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Госдпода и да Му служи, и да се моли и да благословува во името Негово, како што е тоа и до ден денес;
9
поради тоа левитите немаат дел и наследство со браќата свои: Самиот Господ е нивни дел, како што им беше говорел Господ, твојот Бог.
10
»И престојував на планината, како и порано, четириесет дена и четириесет ноќи; Господ ме послуша и овој пат, и не посака Господ да ве погуби;
11
и Господ ми рече: ‚Стани, тргни на пат пред својот народ; нека отидат и нека ја населат земјата, за која им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам.‘
12
И сега, Израиле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се боиш од Господа, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господа, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа;
13
да ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, и наредбите Негови, кои денеска ти ги заповедам за да ти биде добро.
14
Ете, небото и небото на небесата, земјата и сѐ што е на неа, е на Господа, твојот Бог;
15
но само татковците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нивното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес.
16
И така, обрежете ја вашата жестокосрдечност и не ожесточувајте никого;
17
зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови,
18
Кој право суди на придојден, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека.
19
Сакајте го и вие придојдениот, бидејќи и вие самите бевте придојдени во Египетската земја.
20
Бој се од Господа, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него приврзи се и во Негово име колни се;
21
Он е твојата пофалба, Он е твој Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои;
22
твоите татковци дојдоа во Египет седумдесет и пет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како ѕвездите небески.«
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34