bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 3
Deuteronomy 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 4 →
1
»И се свртивме оттаму и појдовме кон Васан, и васанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, при Едраим.
2
И ми рече Господ: ‚Не бој се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него и целиот народ негов и целата земја негова, и ти ќе направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.‘
3
И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот васански, и целиот народ негов; и го разбивме него, така што од него не остана никој жив.
4
Тогаш му ги презедовма сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив; шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог васански.
5
Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, освен многуте ферезејски градови.
6
И ние ги поразивме, како што направивме со Сиона, царот есевонски, уништувајќи ги сите градови заедно со жените и децата;
7
а целиот добиток и пленот од градовите го разграбивме.
8
И во тоа врема ја презадовме од рацете на двајцата цареви аморејски земјата од онаа половина на Јордан, од потокот Арнон дури до планината Аермон,
9
– Финикијците го викаат Ермон-Сирион, а Аморејците го нарекуваат Сенир.
10
Сите градови во рамнината, целиот Галад и целиот Васан до Салха и Едраим, беа градови од царството на Ог васански;
11
зашто само васанскиот цар Ог остануваше од Рафаините. Ете, одарот му беше железен одар, и сега е во приградието на Амоновите синови: долг девет лакти, а широк – четири лакти, машки лакти.
12
И тогаш ја наследивма таа земја, почнувајќи од Ароир, кој е устие на потокот Арнон; а половината од планината Галад со градовите му ја предадов на Рувимовото и Гадовото племе.
13
остатокот, пак, од Галад и целиот Васан, царството на Ог, му го предадовме половината на Манасиевото племе, целата област Аргов, со цел Васан. Таа земја се нарече Рафаинска.
14
Јаир, Манасиевиот син, ја презеде целата област Аргов, дури до пределите Гаргасински, и Махатински, и ги нарече Јаирови села, според своето име, како што се викаат и до ден денес.
15
На Махир му го дадов Галад;
16
а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галад дури до потокот Аронон, земјата меѓу потокот и пределот, до потокот Јавок, пределот на Амоновите синови,
17
исто така и Арав, и Јордан, предел од Маханерет дури до морето арабиско, до Соленото Море, под Асидот – Фазга од исток.
18
Тогаш и ви заповедав, велејќи: ‚Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја со жреб; сите способни за војна, откако ќе се вооружите, појдете пред браќата ваши, Израилевите синови;
19
само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, (бидејќи знам, оти имате многу добиток), нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов,
20
додека Господ Бог не им даде покој на вашите браќа, како и вам, и додека и тие на ја наследат и таа земја, кој Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.‘
21
А на Иисуса му заповедав во она време, велејќи: ‚Очите ваши видоа сѐ, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ќе направи Господ и со сите царства, преку кои ќе минуваш.
22
Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас,‘
23
И Му се помолив на Господа во она време, велејќи:
24
‚Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја и цврстата рака Своја и високата мишка Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, како што е Твојата?
25
Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна гора и Анти – Ливан.‘
26
Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: ‚Доста, во иднина да не ми говориш повеќе за тоа;
27
искачи се на врвот на гората и крени ги очите кон морето и кон север, кој југ и кон исток, погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан;
28
упати го Иисуса, поткрепи го и утеши го: зашто тој ќе го предводи овој народ и тој ќе им го раздели наследството на целата земја, на која ти ќе погледнеш.‘
29
И се задржавме во долината близу до домот на Фогор.«
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
Recommended Reading
Commentary
Deuteronomy Commentaries
→
Devotional
Deuteronomy Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) ) Study Bible
→