bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 31
Deuteronomy 31
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 32 →
1
Откако заврши Мојсеј да им ги кажува тие зборови на сите синови Израилеви,
2
им рече: ‚Сега сум на сто и деведесет години; не можам веќе да излегувам и да влегувам, и Господ ми рече: – ти нема да ја минеш реката Јордан –;‘
3
Господ, твојот Бог, Сам ќе тргне пред тебе; Он ќе ги истреби тие народи пред тебе, и ти ќе ги наследиш; Исус ќе тргне пред тебе, како што рече Господ;
4
и ќе постапи Господ со нив така како што постапи со Сиона и со Ога, цареви Аморејски, кои беа од оваа страна на Јордан, и со земјите нивни, кои Он ги уништи;
5
и ќе ви ги предаде Господ, и вие ќе постапите со нив според сите заповеди, што ви ги дадов.
6
Бидете цврсти и храбри, не бојте се, не ужасувајте се, ниту се плашете од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.
7
Тогаш Мојсеј го повика Исуса и пред сите Израилци му кажа: »Биди цврст и храбар, зашто ти ќе влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ќе им ја даде, и ти ќе им ја разделиш со жреб.
8
И Господ ќе тргне со тебе, ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.«
9
И ги напиша Мојсеј овие заповеди од законот и им го предаде на свештениците, синови Левиеви, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, и на сите старешини на Израилевите синови.
10
И им вети Мојсеј и им рече »По седум години, во прошталната година, на празникот Сеници,
11
кога целиот Израил ќе дојде да се јави пред Господа, твојот Бог, на место што ќе го одбере Господ, прочитајте го гласно овој закон пред целиот Израил;
12
собери го народот, мажите, жените, децата и придојдените свои, што се наоѓаат во градовите ваши, за да чујат и да се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, и да пазат да ги исполнуваат сите заповеди од овој закон;
13
и синовите нивни, кои не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, преку сите денови, додека живеете во земјата, за која ќе го минете Јордан, за да ја наследите.«
14
И му рече Господ на Мојсеја: »Ете, твоите денови се приближија до смртта твоја; повикај го Исуса, и застанете пред влезот во скинијата на сведоштвото, и Јас ќе му дадам заповед!« И дојде Мојсеј со Исуса, и застана пред влезот од скинијата на сведоштвото.
15
И се јави во скинијата Господ во облаков столб, и застана облаковиот столб при влезот од скинијата на сведоштвото.
16
И му рече Господ на Мојсеја: »Ете, ти ќе се прибереш кај татковците свои, а овој народ ќе почне да се заблудува по туѓите богови на онаа земја, во која оди, ќе Ме остави и ќе го наруши заветот Мој, што им го ветив;
17
и ќе се разгори јароста Моја против него во овој ден, а Јас ќе ги оставам и ќе го свртам лицето Свое од нив, и тој ќе биде истребен, и ќе го снајдат многу несреќи и жалости, и ќе речат во тој ден: ‚бидејќи не е Господ Бог во нас, нѐ снајдоа овие зла.‘
18
А Јас со одвратност ќе го свртам лицето Мое од нив во оној ден поради сите нивни беззаконија, што ќе ги направат, бидејќи ќе се обрнат кон туѓи богови.
19
И така, напишете ги зборовите на таа песна, научете ги синовите Израилеви на неа и стаевте има ја во устата нивна, за да Ми биде таа песна сведоштво во синовите Израилеви;
20
зашто Јас ќе ги воведам во добра земја, каде што тече мед и млеко, како што им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам; тие ќе јадат, и откако ќе се наситат, ќе се обрнат кон туѓи богови и ќе им служат, а Мене ќе ме разгневат и ќе го нарушат заветот Мој, што им го ветив;
21
и кога ќе ги снајдат многу несреќи и жалости, таа песна ќе биде против нив како сведоштво, бидејќи таа нема да излезе од устата нивна и од устата на потомството нивно. Јас им ја знам злобата нивна сега, уште пред да ги воведам во добрата земја, за која им се заколнав на татковците нивни.«
22
И во оној ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите Израилеви на неа.
23
И му заповеда Мојсеј на Исуса, синот Навинов, и му рече: »Биди цврст и храбар, зашто ти ќе ги воведеш синовите Изриалеви во земјата, за која им се заколна Господ, и Он ќе биде со тебе.«
24
А кога Мојсеј ги напиша во книга сите зборови од овој закон дури до крајот,
25
им заповеда на левитите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, велејќи:
26
»Земете ја оваа книга на законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и таа ќе биде таму како сведоштво;
27
зашто јас ја знам твојата упорност и жестоката тврдоглавост; ете и сега, кога живеам со вас, вие сте упорни пред Господа, а колку повеќе по смртта моја?
28
Соберете ги при мене сите ваши началници на племињата, старешините, судиите и надзорници свои, и јас ќе им ги кажам гласно овие зборови, а сведоци ќе ми бидат небото и земјата
29
зашто знам, дека по смртта моја вие ќе вршите беззаконија и ќе отстапите од патот, што ви го заповедав, и подоцна ќе ве снајдат незгоди, затоа што ќе правите зло пред Господа Бога, разгневувајќи Го со делата на рацете ваши.«
30
И Мојсеј ги кажа гласно пред целото израилско собраните зборовите на таа песна до крај
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 32 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34