bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 29
Deuteronomy 29
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 30 →
1
Тоа се зборовите на заветот, што Господ му заповеда на Мојсеја да го склучи со синовите Израилеви во Моавската земја, освен заветот што Господ го склучи со нив на Хорив.
2
Тогаш Мојсеј ги повика сите синови Израилеви и им кажа: »Вие видовте сѐ, што направи Господ пред очите ваши во Египетската земја со Фараонот и со сите негови слуги и со целата земја негова;
3
имаше искушенија големи, што ги видоа очите твои, и големи знаци и чудеса од силната рака и цврстата мишка Негова,
4
но и до ден денес Господ Бог не ви даде срце за да разберете, очи да видите и уши да чуете.
5
Четириесет години ве водев по пустињата, и облеката не изветве на вас, и обувките не се искинаа на нозете ваши;
6
леб не јадевте, вино и сикер не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.
7
И кога дојдовте до ова место, излезе во борба против вас есевонскиот цар Сион и васанскиот цар Ог,
8
но ние ги поразивме и им ја зедовме земјата нивна и Јас им ја дадов во дел на Рувимовото и Гадовото племе, и половината на Манасиевото племе.
9
Пазете ги сите зборови на овој завет и исполнувајте ги, за да имате на ум сѐ, што правите.
10
Сите вие застанавте денес пред Господа, вашиот Бог, началници на племињата ваши, старешините ваши, судиите ваши, надзорниците ваши, сите мажи Израилеви,
11
децата ваши, жените ваши и придојдените, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш,
12
за да влезете во заветот на Господа, вашиот Бог, и во клетвениот договор со Него, кога Господ, твојот Бог, денес го склучува со тебе,
13
за да те направи денес Свој народ, и да ти биде Бог, како што им се заколна на татковците твои Авраама, Исака и Јакова.
14
Не само вам единствени ви го заветувам овој завет и овој договор со клетва,
15
туку и на оние што денес не стојат овде со нас пред Господа, нашиот Бог.
16
Зашто вие знаете, како живеевме во Египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте,
17
и ги видовте одвратностите нивни и идолите нивни, дрвени и камени, сребрени и златни, што се кај нив.
18
Да нема меѓу вас маж или жена, дом или племе, чие срце би се отстранило од Господа, вашиот Бог, та да оди да им служи на боговите на оние народи; да нема меѓу вас корен, што ќе дава пелин и отров;
19
и ако некој, кој, откако ќе ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: ‚добро ќе ми биде, иако одам по желбите на срцето свое‘; така грешникот нема да го погуби безгрешниот со себе.
20
На таков Господ нема да му прости, но гневот и ревноста на Господа ќе се разгорат против тој човек, а врз него ќе падне целата клетва од овој завет, напишан во овој закон, и Господ ќе го избрише името негово под небото;
21
и ќе го оддели Господ од сите племиња Израилеви за погубување, според сите клетви на заветот, напишан во овој закон.
22
Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ќе настанат по вас, и туѓинецот, што ќе дојде од далечна земја, откако ќе ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги испратил врз неа, ќе речат:
23
сулфур и сол, е целата земја; на неа не може да се сее, ниту ќе роди, ниту ќе никне на неа некаква трева, како што стана во Содом, Гомор, Адма и Севоим, кои Господ ги опсипа со гневот Свој и јароста Своја.
24
Тогаш ќе кажат сите народи: ‚Зошто Господ постапил така со таа земја? Колку голема е јароста на гневот Негов!‘
25
И ќе одговорат: ‚Затоа што го оставија заветот на Господа, Бог на татковците свои, што им го вети на татковците нивни, кога ги изведе од Египетската земја,
26
и отидоа да им служат на други богови и да им се поклонуваат ним, кои тие не ги знаеја, и кои Он не им ги беше одредил.
27
Поради тоа се разгори гневот на Господа врз таа земја, и Он ги испрати врз неа сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот;
28
и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.‘
29
Она што е тајно, му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а она што е јавно – нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.«
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 30 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34