bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 5
Deuteronomy 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 6 →
1
Тогаш Мојсеј го свика сиот Израил и им рече: »Слушај ги, Израиле, наредбите и законите што ви ги кажувам денес во ушите ваши, научете ги и трудете се да ги исполнувате.
2
Господ, нашиот Бог, склучи со вас завет на Хорив.
3
Тој завет Господ не го склучи со нашите татковци, туку со нас, кои сме сега тука сите живи.
4
Лице кон лице ви говореше Господ вам на планината од огнот:
5
јас пак, стоев меѓу Господа и меѓу вас во тоа време, за да ви ги пренесувам зборовите Господови, бидејќи вие се плашевте од огнот и не излеговте на планината. Он тогаш рече:
6
‚Јас сум Господ, твојот Бог, Кој те изведов од Египетската земја, од домот на ропството;
7
да немаш други богови пред лицето Мое!
8
Не прави идоли и никакви ликови на она, што е на небото горе, и што е на земјата долу, и што е во водите под земјата,
9
не им се клањај и не им служи; зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител, кој, за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено,
10
и Кој покажува милост до илјадници поколенија кон оние, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.
11
Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог; зашто Господ, твојот Бог, нема да го очисти оној, што го употребува името Негово напразно!
12
Пази го саботниот ден, за да ти биде свет, како што ти заповедал Господ, твојот Бог;
13
шест дена работи и врши ги сите работи,
14
а седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни оселот твој, ниту некој твој добиток, ниту придојдениот твој, кој е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја и оселот твој, како и ти.
15
И запомни, дека ти беше роб во Египетската земја, но Господ, твојот Бог, те изведе оттаму со цврста рака и со висока мишка; затоа и ти заповеда Господ, твојот Бог, да го почитуваш саботниот ден и да ти е свет.
16
Почитувај го таткото твој и мајката твоја, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог.
17
Не убивај!
18
Не врши прељуба!
19
Не кради!
20
Не сведочи лажно против ближниот свој!
21
Не ја пожелувај жената на ближниот свој и не го пожелувај домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ниту робот негов, ниту робинката негова, ниту волот негов, ниту оселот негов ниту како и да било добиток негов, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!‘
22
Тие зборови ги изрече Господ громогласно кон целото ваше собрание на планината од огнот, облакот и мракот, и повеќе не говореше, и ги напиша на две камени плочи и ми ги предаде.
23
И кога го чувте гласот од мракот, и планината гореше во оган, вие се приближивте до мене, сите началници на вашите племиња и старешините ваши,
24
говорејќи: ‚Ете, ни ја покажа Господ, нашиот Бог, славата Своја и го чувме гласот Негов од огнот; денес видовме, дека Господ му говореше на човек, и тој остана жив.
25
А зошто сега да умреме? Бидејќи тој голем оган ќе не изгори; ако пак го чуеме гласот на Господа, нашиот Бог, ќе умреме;
26
кое е тоа тело што го чуло, како ние, гласот на живиот Бог, Кој говореше од огнот, а да останало живо?
27
Пристапи ти и послушај сѐ, што ти вели Господ, нашиот Бог, кажи ни сѐ, што ќе ти каже Господ, нашиот Бог, а ние ќе послушаме и така ќе правиме.‘
28
И Господ ги чу вашите зборови, како разговаравте со мене, и ми рече Господ: ‚Ги чув зборовите на твојот народ, кој ти говореше; сѐ што рекоа, е добро.
29
О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ќе им беше добро ним и на синовите нивни во веки!‘
30
Оди и кажи им: ‚Ватете се во домовите ваши!
31
а ти остани тука со Мене, и Јас ќе ти ги кажам сите заповеди, наредби и закони, на кои треба да ги научиш, како да постапуваат во онаа земја, што им ја давам во наследство.‘
32
Гледајте да постапувате така, како што ви заповеда Господ, вашиот Бог, не скршнувајте ни десно, ни лево;
33
одете по патот, по кој ви заповеда Господ, вашиот Бог, за да бидете живи и да ви биде добро и да поживеете долго време во онаа земја, што ќе ја добиете во наследство.«
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34