bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 15
Deuteronomy 15
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 16 →
1
»Во седмата година проштавај!
2
И ова е заповед за простувањето: секој кој што дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејќи тоа е простување заради Господа, твојот Бог;
3
од туѓинецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот,
4
за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ќе те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство.
5
Доволно е само да го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам;
6
зашто Господ, твојот Бог, ќе те благослови, како што ти говорел, и ти ќе даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ќе владееш со многу народи, а над тебе нама да владеат.
7
Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава, не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба,
8
туку отвори му ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува;
9
пази сѐ, да не влезе во срцето твое лукава мисла: па да речеш ‚наближува седмата година, година на простувањето‘ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му откажеш; зашто тој ќе повика против тебе пред Господа, и на тебе голем грев ќе падне;
10
подај му драговолно заем, колку што сака и колку што му треба, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејќи Господ, твојот Бог, ќе те благослови за тоа во сите твои работи и во сѐ, што го вршат рацете твои;
11
зашто сиромаси ќе има секогаш во земјата твоја; затоа и ти заповедам, велејќи ти: отворај ја вратата твоја за твојот брат, за твојот беден и за оној што моли во земјата твоја;
12
ако ти се продаде твојот брат, Евреин, или Еврејка, тој треба шест години да ти работи, а седмата година пушти го на слобода;
13
кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце,
14
туку дарувај го со нешто од овците твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благословил Господ, твојот Бог;
15
помни, дека и ти беше роб во Египетската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова.
16
Ако, пак, ти каже: ‚не сакам да си одам од кај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој‘, бидејќи ми е добро кај тебе,
17
земи шило и продупчи му го увото на степеникот пред вратата; и тој ќе ти биде роб засекогаш. Така направи и со робинката твоја.
18
За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејќи тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеќе – отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во сѐ, што и да правиш.
19
Секое машко првородено, што ќе се роди од говедата твои и од овците твои, посветувај го на Господа, твојот Бог: не работи со провородениот вол свој и не стрижи го првороденото од овците твои;
20
тоа јади го ти и челадта твоја пред Господа, твојот Бог, секоја година, на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;
21
ако, пак, тоа биде со недостаток, – хромо, или слепо, или со некој друг недостаток, не принесувај го како жртва на Господа, твојот Бог,
22
но во градовите твои нека се јаде; нечист и чист може да јаде како што се јаде срна и елен;
23
само крвта не јади му ја: истурај ја на земја како вода.«
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34