bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 13
Deuteronomy 13
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 14 →
1
»Ако излезе пред тебе некој пророк, или толкувач на соништа, и ти покаже знак или чудо,
2
и ако се оствари тој знак или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: ‚да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,‘
3
ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков толкувач на соништа; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.
4
Господа, вашиот Бог, следете Го, бојте се од Него, извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него.
5
А оној пророк, или оној толкувач на соништа да биде осуден на смрт, поради тоа што те измамил да се откажеш од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја и те избави од домот на ропството, зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од околината ваша.
6
Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твоја, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‚да одиме и да им служиме на други богови‘, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
7
на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, –
8
не се согласувај со него и не го слушај; и да не ти се смили окото твое над него, не го жали и не го сокривај,
9
туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, – а потоа рацете на целиот народ;
10
убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
11
Целиот Израел да го чуе тоа и да се исплаши, и нема во иднина да прави пред тебе такво зло.
12
Ако чуеш за некој од градовите твои, што Господ, твојот Бог, ти ги дава за да се населиш во нив,
13
дека во него се појавиле нечесни луѓе пред тебе И ги соблазниле сите жители на нивниот град, велејќи; ‚ајде да им служиме на други богови, кои вие не ги познавате‘, –
14
ти испитај и дознај добро: и ако е тоа чиста вистина, дека е направена таква одвратност меѓу вас,
15
погуби ги нив и жителите на тој град со сечилото на мечот, проколни го него и си што е во него;
16
а сите добра од него собери ги среде плоштадот негов и изгори го со оган градот и сите добра од него пред целиот народ, пред Господа, твојот Бог, и да биде тој вечно пуст, никогаш да не се обнови.
17
И до ништо од проколнатото да не се допре раката твоја, за да ја скроти Господовата јарост, па да ти даде милост, да ти прости, и да те размножи, како што ти говореше тебе, кога им се заколна на татковците твои,
18
штом го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, извршувајќи ги сите заповеди Негови, што сега ти ги кажувам, и вршејќи добро и угодно пред очите на Господа, твојот Бог.«
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34