bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Deuteronomy 14
Deuteronomy 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 15 →
1
Вие сте синови на Господа, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено;
2
зашто вие сте свет народ на Господа, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ.
3
Не јади ништо нечисто.
4
Свој добиток можете да јадете: телци од говедата, и јаганци од овците, и козли од козите;
5
елен, срна, бивол, кошута, зебра и дива коза.
6
Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и добиток што прежива, јадете го.
7
Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;
8
и свињата, оти, иако копитата и се разделени, но таа не прежива: таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирајте.
9
Од сите водни животни јадете ги сите оние, што имаа перки и лушпи;
10
а другите што немаа перки и лушпи, не јадете ги: тие се нечисти за вас.
11
Секоја чиста птица јадете ја;
12
но од нив не треба да ги јадете овие: орелот, штркот, галебот,
13
неситот, соколот, и сличните на нив;
14
гавранот, врабецот, препелицата;
15
чапјата, јастребот и сличните на нив;
16
бувот, лилјакот и сличните на нив;
17
гемот, лебедот, ивинот, катарактата и вдодот;
18
штркот, гушавецот со породот негов, папуњакот и (лилјакот).
19
Сите крилести лазачи се нечисти за вас, да не ги јадете.
20
Секоја чиста птица јадете ја.
21
Не јадете ништо умрено; дај му го на придојдениот, што е во твоите градови; нека го јаде тој, или продај му го на туѓинецот, зашто ти си народ свет за Господа, твојот Бог. Не вари јагне во млекото на мајката негова.
22
Одделувај десеток од секој плод на семињата свои, род од нивите твои секоја година,
23
И јади пред Господа, твојот Бог, во место, што Он ќе го одбере, за да се призива вечно името Негово таму; принесувај десеток од пченицата твоја, од виното твое и од елејот твој, и првородените од воловите твои и од овците твои, и да се научиш да се боиш од Господа, твојот Бог, во сите денови.
24
Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог,
25
тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;
26
и со тоа сребро изнакупи сѐ, што душата ќе ти посака – волови, овци, вино, или сикар и сѐ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господа, твојот Бог, и развесели се ти и домот твој.
27
И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе.
28
На крајот на секои три години изнеси ги сите десетоци од житото твое во текот на последната година и стави го тоа во градовите свои,
29
па нека дојде ливитот, бидејќи тој нема дел и наследство со тебе, и придојдениот и сиромавиот и вдовицата, што се во твоите градови, и нека јадат и нека се наситат за да те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа, што ќе ја вршат рацете твои.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34