bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 1
Genesis 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 2 →
1
Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2
Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.
3
И рече Бог: »Нека биде светлина!« И би светлина.
4
И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината.
5
И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И би вечер, и би утро – ден први.
6
Потоа рече Бог: »Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!«
7
И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана.
8
И сводот Бог го нарече небо. И би вечер и би утро – ден втори.
9
И рече Бог: »Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!« И стана така.
10
И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека е добро.
11
И пак рече Бог: »Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!« И стана така.
12
И пушти земјата од себе зеленило: трева што дава семе според својот род и вид, а и дрво плодородно што раѓа плод, и чие семе е според нивниот род на земјата. И виде Бог дека е добро.
13
И би вечер, и би утро – ден трети.
14
Потоа рече Бог: »Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат замјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините;
15
и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат замјата!« И би така.
16
И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди;
17
и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата,
18
и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро.
19
И би вечер, и би утро – ден четврти.
20
Потоа рече Бог: »Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!« И би така.
21
И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
22
И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека да се множат на земјата.
23
И би вечер, и би утро – ден петти.
24
Пак рече Бог: »Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!« И би така.
25
И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро.
26
Потоа рече Бог: »Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!«
27
И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28
И ги благослови Бог, и им рече: »Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата.«
29
И рече Бог: »Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
30
А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сѐ што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.« Така и стана.
31
И виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал. И би вечер, и би утро – ден шести.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50