bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 38
Genesis 38
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 37
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 39 →
1
А во тоа време Јуда се оддели од браќата свои, и се настани кај некој човек Одоламеец, по име Ирас.
2
И таму ја виде Јуда ќерката на некој Хананеец, чие име беше Сава, и ја зеде и влезе при неа.
3
Таа забремени, и роди син; и тој го нарече Ир.
4
Одново зачна, и пак роди син, и нему му стави име Онан.
5
И пак роди син, и го именува Силом. А Јуда беше во Хасафија, кога таа ги роди овие.
6
И Јуда го ожени првородениот син свој Ир со девојката по име Тамара.
7
Но Ир, првенецот Јудин, беше лош пред Господа, и Бог го погуби.
8
Тогаш Јуда му рече на Онана: »Влези при вдовицата од братот твој, и ожени се со неа, за да го запазиш потомството на братот твој.«
9
А Онан, знаејќи дека породот нема да биде негов, кога влегуваше при жената на братот свој, го истураше семето наземи, за да не му даде потомство на братот свој.
10
Но тоа што го правеше, беше зло пред очите на Бога, па затоа и него го погуби.
11
Тогаш Јуда, по смртта на обата свои синови, ѝ рече на Тамара, снаата своја: »Живеј како вдовица во куќата на таткото твој додека порасне синот мој.« Оти си велеше во себе да не умре и тој како браќата негови. И отиде Тамара, и живееше во куќата на својот татко.
12
Измина многу време и умре ќерката на Сава, жената Јудина. А кога Јуда се утеши, појде во Тамна кај луѓето што му го стрижеа стадото, тој сам и неговиот пријател Ирас, Одоламеецот.
13
И ѝ јавија на Тамара, снаата негова: »Ете, свекорот твој оди во Тамна да ги стриже овците свои.«
14
А таа ја соблече од себе вдовичката облека и се облече во летна облека, си стави превез, па седна пред портата на Енаим, на патот за Тамна. Зашто виде, дека Силом беше пораснал, а неа уште не му ја даваа за жена.
15
Кога ја виде Јуда, помисли дека е блудница, зашто таа го беше покрила лицето свое, и не ја позна.
16
И тој се одби при неа и ѝ рече: »Дозволи ми да влезам при тебе!« Зашто не ја позна дека му е снаа. А таа рече: »Што ќе ми дадеш, ако влезеш при мене?«
17
А тој одговори: »Ќе ти испратам јаре од стадото.« А таа му рече: »Но да ми дадеш залог, додека не го испратиш.«
18
А тој рече: »Каков залог да ти дадам?« А таа му одговори: »Својот прстен, крпата и стапот што ти е во раката.« И тој ѝ ги даде, па влезе при неа; и таа зачна од него.
19
Потоа таа стана и си отиде; ја сметна летната облека од себе и ја облече вдовичката облека.
20
А Јуда испрати јаре по овчарот свој, Одоламеецот, за да си го поврати залогот од жената и тој не ја најде.
21
Па ги праша луѓето од она место, велејќи: »Каде е блудницата што беше на распаќето во Енаим?« А тие одговорија: »Овде немаше блудница.«
22
И тој се врати кај Јуда и рече: »Не ја најдов. Дури мештаните ми рекоа дека таму немало блудница.«
23
А Јуда рече: »Нека си ги задржи, само да не ми се смеат; јас ѝ го испратив и јарето, но ти не ја најде.«
24
А кога изминаа околу три месеци, му јавија на Јуда, велејќи: »Тамара, снаата твоја се оддала на блуд и, ете, бремена е од блуд.« А Јуда рече: »Изведете ја за да се запали!«
25
А кога ја поведоа, таа прати на свекорот нејзин да му кажат: »Од човек, чие е она – сум зачнала.« Уште додаде: »Од оној, чиј е прстенов, крпава и стапов!«
26
А Јуда ги препозна, па рече: »Таа е поправедна од мене, бидејќи не ја дадов на синот свој Силом.« И повеќе не влезе при неа.
27
И кога дојде времето да роди, а тоа – близнаци во утробата нејзина.
28
И кога се породуваше, едното дете ја покажа раката, а бабицата зеде и му врза црвен конец околу раката, велејќи: »Овој е првенец.«
29
Но тоа ја повлече раката, и ете излезе неговото братче, а таа рече – како ја пресече обвивката, па пресек нека ти биде. И му ставија име Фарес.
30
А потоа излезе неговото братче со црвен конец на раката. Нему му ставија име Зара.
← Chapter 37
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 39 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50