bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 44
Genesis 44
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 43
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 45 →
1
Потоа му заповеда Јосиф на домоуправителот свој, велејќи: »Наполнете им ги на овие луѓе вреќите со жито, колку што можат да носат, и на секого во отворот на вреќата ставете им ги парите нивни;
2
а чашата моја сребрена ставете му ја на најмалиот во вреќата, и парите негови за купеното жито!« И тој направи така, како што му рече Јосиф.
3
А утредента, на осамнување, ги испратија луѓето со ослите нивни.
4
Уште не беа изминале многу пат од градот, му рече Јосиф на човекот, кој управуваше со домот негов: »Стани, оди брзо по оние луѓе, а, кога ќе ги стигнеш, кажи им: ‚Зошто враќате зло за добро‘.
5
Не е ли тоа чашата, со која пие мојот господар? И нема ли секако по неа да познае какви сте. Лоша направивте со тоа.«
6
И тој ги стигна, и им ги рече овие зборови.
7
А тие му одговорија: »Зошто зборуваш, господару, такви зборови? Не, слугите твои такво нешто не можат да направат.
8
Дури и парите, што ги најдовме при отворот на вреќите, ги донесовме од земјата Хананска, па како можевме да украдеме од куќата на господарот твој сребро или злато?
9
А при кого од слугите твои ќе се најде чашата, тој нека загине; а ние, пак, ќе му бидеме робови на господарот наш.«
10
А тој, пак, рече: »Нека биде така, како што рековте; но во кого ќе се најде чашата, тој нека ми биде роб, а вие другите нема да бидете виновни.«
11
И тие брзо ги симнаа вреќите свои, и ги одврзаа секој својата вреќа.
12
А тој почна да бара, почнувајќи од најстариот, и кога дојде до најмалиот, и се најде чашата во вреќата Венијаминова.
13
Тогаш ја раскинаа облеката своја, па го натоварија секој товарот на својот осел, и се вратија во градот.
14
И влезе Јуда со браќата свои во домот на Јосифа, кој беше сѐ уште дома, и паднаа пред него на коленици.
15
А Јосиф им рече: »Што направивте? Зар не знаевте дека човек, каков што сум јас, погодува и секако ќе може да разбере?«
16
Тогаш рече Јуда: »Што да одговориме, господару наш? Што да кажеме или со што да се оправдаме? Бог ја откри неправдата на твоите слуги. Еве, ние сме сите робови твои, господару, и ние и овој, во кого се најде чашата!«
17
Но Јосиф одговори: »Не, јас не го сакам тоа; кај кого се најде чашата, тој нека ми биде роб, а вие одете си со здравје кај таткото ваш.«
18
Но Јуда пристапи до него и рече: »Господару, дозволи да проговори слугата твој пред тебе и гневот твој нека не се истури на слугата твој, зашто ти си по Фараонот.
19
Господарот мој ги праша слугите свои влејќи: ‚Имате ли татко или брат?‘
20
А ние му рековме на господарот наш: ‚Имаме стар татко и најмал брат, кој му се роди во староста; а неговиот брат умре, и тој остана сам од мајката своја, и таткото многу го сака!‘
21
А ти им рече на слугите твои: ‚Доведете го кај мене да го видат моите очи.‘
22
И ние му рековме на господарот: ‚Не ќе може детето да го остави таткото свој; ако го остави татка си свој, тој веднаш ќе умре.‘
23
А ти им рече на слугите твои: ‚Ако не дојде со вас братот ваш најмал, нема повеќе да го видите лицето мое.‘
24
Па, кога се вративме кај слугата твој, а таткото наш, му ги кажавме зборовите на господарот наш.
25
Потоа ни рече таткото наш: ‚Одете пак, купете ни малку храна.‘
26
А ние рековме: ‚Не можеме да одиме; но, ако дојде со нас братот наш најмал, тогаш ќе одиме, зашто не можеме да го видиме лицето на оној човек, ако со нас не биде нашиот најмал брат.‘
27
А и слугата твој, таткото наш, ни рече: ‚Знаете дека жената моја ми роди два сина.
28
А еден од нив отиде од мене, и рековте – »Сигурно е растргнат«, и јас досега не го видов.
29
Ако и овој го земете од мене, па го снајде некоја невола по патот, ќе ме турнете вака стар со тага в гроб.‘
30
И сега, ако отидам кај слугата твој, таткото наш, а ова дете да не биде со нас, бидејќи душата негова е сврзана за душата на овој,
31
и кога ќе види дека го нема детето, ќе умре; и слугите твои ќе го турнат стариот слуга твој, а таткото наш, со тага в гроб.
32
А твојот слуга ја зеде одговорноста за детето пред таткото наш, велејќи: ‚Ако не ти го доведам и не го претставам пред тебе, нека бидам виновен пред таткото свој довека.‘
33
Затоа јас, слугата твој, нека останам место детето, да му бидам роб на господарот мој, а детето нека си оди со браќата свои.
34
Оти, како ќе се вратам кај таткото свој, детето да не е со мене? Не би можел да ја гледам тагата, што ќе го снајде мојот татко.«
← Chapter 43
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 45 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50