bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 9
Genesis 9
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 10 →
1
Тогаш Бог го благослови Ноја и синовите негови, и им рече: »Плодете се и множете се, и полнете ја земјата и владејте ја!
2
А сите ѕверови земни и сите птици небески, и сиот земен добиток, и сѐ што се движи по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени.
3
Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение.
4
Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова.
5
А и вашата крв, односно вашиот живот, ќе го барам; од секој ѕвер ќе го барам, ќе ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов;
6
кој ќе пролее крв човечка, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот го создадов според образот Божји.
7
Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја и владејте ја!«
8
И му рече Господ на Ноја и синовите негови со него, велејќи:
9
»А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас,
10
и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите ѕверови земни, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни;
11
го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!«
12
И рече Бог: »Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за идните поколенија:
13
божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата.
14
Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се види божилакот во облакот,
15
и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот.
16
Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја душа, што живее во секоја плот, која е на земјата.«
17
И му рече Бог на Ноја: »Тоа нека е знакот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, која е на земјата!«
18
Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Хананејците.
19
Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја.
20
А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје.
21
И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој.
22
А Хам, таткото на Хананејците, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои.
23
Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на таткото свој.
24
А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот син,
25
па рече, »Проклет да е Ханан; на браќата свои ќе им биде најдолен слуга!«
26
И уште рече: »Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ќе му биде слуга!
27
Нека го рашири Бог Јафета, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан да им биде слуга!«
28
И поживе Ное по потопот триста и педесет години.
29
А сѐ на сѐ поживе Ное деветстоитни и педесет години; потоа умре.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50