bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 47
Genesis 47
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 46
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 48 →
1
И отиде Јосиф, па му јави на Фараонот, велејќи: »Таткото мој и браќата мои, со овците нивни и говедата нивни, и со сѐ што имаа, дојдоа од земјата Хананска; и, ете, тие се сега во земјата Гесемска.«
2
И земајќи од браќата свои пет души – ги претстави пред Фараонот.
3
А Фараонот им рече на браќата Јосифови: »Каква работа работите?« Тие му одговорија на Фараонот: »Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци, од детство па до сега.«
4
И уште му рекоа на Фараонот: »Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за доботокот на слугите твои, бидејќи голем глад завладеа во земјата Хананска; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјат Гесем Арабиски.«
5
А Фараонот му рече на Јосифа: »Таткото твој и браќата твои дојдоа при тебе;
6
земјата Египетска е во твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браќата твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш, дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледници над мојот добиток.«
7
Потоа го доведе Јосиф Јакова, таткото свој и го претстави пред Фараонот: Јаков го благослови Фараонот.
8
А Фараонот го праша Јакова: »Колку години имаш?«
9
Му одговори Јаков на Фараонот: »Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет; годините на мојот живот беа кратки и злочести и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја.«
10
Потоа се збогува со Фараонот и, откако го благослови, Јаков си отиде од него.
11
А Јосиф ги насели и таткото свој и браќата свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата Египетска во областа Рамзес како што беше заповедал Фараонот.
12
И му даде Јосиф жито на таткото свој и на браќата свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
13
Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истошти земјата Египетска и земјата хананска од глад.
14
И ги собра Јосиф сите пари што се наоѓаа во земјата египетска и во земјата Хананска, мерејќи им жито, што го купуваа, и ги однесе во домот Фараонов.
15
И снема пари во земјата египетска и во земјата Хананска. Тогаш сите Египтјани почнаа да доаѓаат кај Јосифа и викаа: »Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Парите веќе свршија.«
16
А Јосиф им велеше: »Дајте го доботокот свој, па ќе ви дадам леб за доботокот, штом парите сте ги потрошиле.«
17
И го доведуваа добитокот свој кај Јосифа, а Јосиф им даваше жито за коњите, за овците, за воловите и за ослите. Така ги исхрани таа година со жито во замена за сиот добиток нивни.
18
А кога помина таа година, почнаа пак да доаѓаат кај него и втората година, велејќи: »Зар да изгинеме пред господарот наш? Бидејќи парите наши свршија, а и добитокот и имотот што го имавме пред тебе, и кај господарот наш, па не ни остана веќе ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши.
19
За да не пропаднеме пред очите твои, купи нѐ нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на Фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не запусти.«
20
И така Јосиф ја купи за Фараонот сета земја во земјата Египетска, бидејќи сите Египтјани ја продадоа својата земја на Фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана Фараонова.
21
А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот.
22
Само не ги купи имотите на жреците, бидејќи Фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил Фараонот. Затоа тие не ја продадоа земјата своја.
23
Јосиф, пак, им рече на сите Египтјани: »Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за Фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите.
24
Но од родот една петина ќе му давате на Фараонот, а четирите дела нека останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши.«
25
А тие рекоа: »Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на Фараонот.«
26
И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата Египетска: петина му припаѓа на Фараонот, освен од земјата на жреците, што не стана Фараонова.
27
А Израил се насели во земјата египетска, во областа Гесем, која ја држеше, и се изнародија и намножија многу.
28
И поживе Јаков во земјата Египетска седумнаесет години; а деновите на Јакова броеја сто и четириесет и седум години
29
А кога се наближи времето Израил да умре, го повика синот свој Јосифа и му рече: »Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми: немој да ме погребеш во Египет.
30
Но за да почивам кај татковците мои, затоа пренеси ме од Египет горе и погреби ме во гробот нивни.« А тој рече: »Ќе направам како што велиш.«
31
И му рече: »Заколни ми се!« И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата на постелата.
← Chapter 46
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 48 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50