bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 21
Genesis 21
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 22 →
1
И Господ милостивно погледна на Сáра, како што беше рекол, и ѝ направи Господ на Сáра како што ѝ беше рекол.
2
Сáра зачна и му роди на Авраама син во староста негова, во време кога што му беше рекол Господ.
3
И Авраам го нарече со името Исак, синот што му се роди, кој му го роди Сáра.
4
И го обреза Авраам синот свој Исака во осмиот ден, како што му беше заповедал Господ.
5
Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак.
6
Сáра, пак, рече: »Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее.«
7
И рече: »Кој би рекол дека Сáра на Авраама ќе му дои деца? Но сепак му родив син во староста негова.«
8
Детето порасна и беше одбиено. А Авраам приреди голема гозба во оној ден кога го одбија Исака, синот негов.
9
Виде Сáра дека синот на Агара Египтјанката, што му го роди таа на Авраама, се потсмева со нејзиниот син Исак.
10
па му рече на Авраама: »Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исака!«
11
А тоа на Авраама му беше многу тешко, поради синот негов Исмаила.
12
Но Бог му рече на Авраама: »Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сѐ што ќе ти рече Сáра, послушај го гласот нејзин, зашто по Исака ќе се нарече потомството твое.
13
А и од синот на робинката ќе издигнам голем народ, зашто тој е семе твое.«
14
И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустињата Вирсавија.
15
А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под еден даб,
16
а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: »Не можам да ја гледам смртта на моето дете.« И седејќи спроти него од далеку, кога го чу гласот на детето, почна гласно да плаче.
17
Но Бог го чу гласот на детето од местото каде што беше, и ангел Божји ѝ викна на Агара од небото и ѝ рече: »Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејќи Господ го чу гласот на детето оттаму, каде што е.
18
Стани, крени го детето и фати го за рака; оти од него ќе направам голем народ.«
19
И Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор на жива вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето.
20
А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустињата, и стана стрелец со лак.
21
Тоа живееше во пустињата Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата Египетска.
22
Во тоа време Авимелех, со Фихол, војводата негов, му рече на Авраама: »Бог е со тебе во сѐ што правиш.
23
А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на потомството мое, ниту на името мое; туку дека ќе постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што потапував јас со тебе.«
24
И рече Авраам: »Се заколнувам.«
25
Тогаш Авраам го прекори Авимелеха за изворите водни што ги зедоа слугите Авимелехови.
26
А Авимелех му рече: »Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.«
27
А Авраам зеде овци и говеда, и му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склопија сојуз.
28
Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото.
29
А Авимелех му рече на Авраама: »Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?«
30
Авраам, пак, одговори: »Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.«
31
Затоа она место се нарече Вирсавија, бидејќи тука се заколнаа обајцата.
32
Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех со пријателот Охозат и Фихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата Филистејска.
33
И Авраам насади шумичка во Вирсавија, и таму го призва името на Господа, Вечниот Бог.
34
Авраам живееше во земјата Филистејска како придојден многу денови.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50