bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 49
Genesis 49
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 48
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 50 →
1
Потоа ги повика Јаков синовите свои и им рече: »Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ќе се случи со вас во последните денови.
2
Соберете се и послушајте ме, вие синовите на Јакова, послушајте го Израилот таткото ваш –
3
Рувиме, сине мој првороден, ти си крепост моја и почеток на чедата мои; прв по достоинство и прв по сила.
4
Ти бликаш како вода; нема да се издигнеш, зашто се качи на татковото легло, и ја оскверни постелата моја, на која се качи.
5
Симеон и Левиј се браќа, но направија оружје на неправда.
6
Во советувањата нивни да не влегува душата моја, и во собирот нивни да не учествува славата моја; бидејќи тие во гневот свој убија луѓе, а за своја веселба испокинаа жили на јунец.
7
Проклет да е гневот нивни, оти е жесток, и лутината нивна, зашто е свирепа; ќе ги разделам во Јакова, и ќе ги растурам во Израилот.
8
Јудо! Тебе ќе те фалат браќата твои, и рацете секогаш ќе ти бидат врз плеќите на непријателите твои; и тебе ќе ти се клањаат синовите на таткото твој.
9
Јудо, лаве мој мал! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легуваш како лав и лавица. Кој смее да те разбуди?
10
Нема да недостасува кнез од Јуда, и водач од бедрата негови, сѐ дури не дојде Оној, Кому му припаѓа власта, и Он е надеж на народите.
11
Тој го врзува за лоза оселот свој, и полето на неговата ослица за дебела прачка; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое;
12
очите му се повесели од вино и забите му се побели од млеко.
13
Завулон ќе живее покрај море и при морско пристаниште, а границата ќе му биде до Сидон;
14
Исахар го засака доброто, почивајќи меѓу огради;
15
па, откако виде дека почивката е добра и дека е земјата плодна, ги сви рамењата свои под трудот и стана земјоделец.
16
Дан ќе му суди на својот народ, како и на секое племе Израилево.
17
Дан нека биде змија на пат што седи на раскрсница, која, штом го каснува коњот за нога, јавачот негов паѓа назад.
18
чекајќи спасение од Господа.
19
А Гад, него незгоди ќе го снајдат, но тој, одејќи им по трагите, ќе ги совлада.
20
Кај Асира ќе има храна во изобилие, тој ќе им дава храна на кнезовите.
21
Нефталим е како стебло разгрането, што развило убави гранки.
22
Јосиф е син мој издигнат, син ревносен, син мој најмлад, свртен кон мене!
23
Иако здоговорено те навредуваа, огорчуваа луто и иако силните ги управуваа стрелите во тебе,
24
се сотреа со сила нивните лакови и ослабнаа мускулите на рацете нивни од силната рака на Јакова: така Израилот, таткото твој ојакна од Бога.
25
И ти помогна мојот Бог и те благослови со благослов одозгора од небото, и со благослов од земјата, со благослов од сите гради, од сите утроби.
26
Благословите на таткото твој и на мајката твоја ги надминаа благословите на старите планини и благословите на вечните ридови; тие нека се спуштат над главата Јосифова, избраниот меѓу браќата, над кои господареше.
27
Венијамин е волк граблив, наутро јаде лов, а навечер го дели пленот.«
28
Тоа се дванаесетте синови Јаковови, и тоа им го изговори таткото нивни, ги благослови: секого со благословот негов ги благослови.
29
Потоа им рече: »Јас се прибирам при родот свој, погребете ме при татковците мои, во пештерата што е во нивата на Хетеецот Ефрон.
30
Во пештерата, што се наоѓа во нивата Макпелска спроти Мамре, во земјата Хананска, која ја беше купил Авраам од Хетеецот Ефрон, за да има свој гробница.
31
Таму ги погребаа Авраама и жената негова Сара, таму го погребаа и Исака и Ревека, жената негова, а таму ја погребаа и Лија;
32
во сопствената нива и пештерата, што е во неа, која е купена од синовите Хетееви.«
33
И престана Јаков да им говори на синовите свои, го повлече нозете во постелата, па умре – и се прибра кај предците свои.
← Chapter 48
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 50 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50