bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Genesis 7
Genesis 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 8 →
1
И му рече Господ Бог на Ноја: »Влези во ковчегот ти и целиот дом твој, бидејќи те видов праведен пред Себе во овој род,
2
и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две, машки пол и женски пол;
3
исто така и од птиците небески по седум, машки пол и женски, и од сите нечисти птици по две, за да им се зачува родот нивни по целата земја.
4
Оти по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива четириесет дена и четириесет ноќи и ќе го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал Јас.«
5
И Ное направи сѐ што му заповеда Господ Бог.
6
А Ное имаше шестотини години кога дојде потопот на земјата.
7
И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради потопот од вода.
8
И од животните чисти и од животните нечисти, и од птиците и од сѐ што се влечеше по земјата;
9
влегоа при Ноја во ковчегот по две, машко и женско, како што му заповеда на Ноја Бог.
10
А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата.
11
Кога имаше Ное шестотини години, во вториот месец во таа година, дваесет и седмиот ден од тој месец, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески;
12
и се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноќи.
13
Во истиот ден влезе во ковчегот Ное, и Сим, и Хам и Јафет, синовите негови, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив.
14
Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, птиците сите и сѐ што има крилја,
15
влегоа во ковчегот при Ноја по две единки од машки и женски пол од секоја плот, во која имаше животен дух;
16
и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секоја плот, како што му беше заповедал Бог. И Господ Бог потоа го затвори ковчегот однадвор.
17
Натопувањето на земјата потраја четириесет дена и четириесет ноќи; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата;
18
водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, и ковчегот пливаше врз водата.
19
И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо;
20
петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри.
21
Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе;
22
сѐ, што на суво имаше здив во ноздрите свои, изумре.
23
И се истреби секое живо суштество, што се движеше на земјата: од човекот до ѕверот, лазачите и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; само Ное остана, и оние, кои беа со него во ковчегот.
24
А водата се издигаше над земјата сто и педесет дена.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50