bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 12
Matthew 12
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
1
Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.
2
Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: »Ете, учениците Твои прават, што не треба да се прави во сабота.«
3
А Он им рече: »Не сте ли читале што направи Давид, кога сам тој огладне и оние што беа со него?
4
Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, а само свештениците.
5
Или, не сте ли читале во Законот дека во саботен ден свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?
6
Но Јас ви велам дека е тука Оној, Кој е поголем од храмот;
7
и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудите невините;
8
зашто Синот Човечки е господар и на саботата.«
9
И како отиде оттаму, дојде во синагогата нивна.
10
И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа Исуса: »Бива ли во сабота да се лекува?«
11
А Он им рече: »Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и извади?
12
А колку, пак, човекот е поскап од една овца? И така, во сабота е позволено да се прави добро.«
13
Тогаш му рече на човекот: »Протегни ја раката!« И тој ја протегна. И таа стана здрава како другата.
14
А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус, кога разбра, се оддалечи оттаму.
15
И тргна по Него многу народ и Он ги исцели сите;
16
и им забрани да разгласуваат за Него;
17
за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18
»Ете Го слугата Мој, Кого Го избрав, Мојот возљубен, што е по волјата на Мојата душа. Ќе го положам Духот свој над Него и на народите ќе им објави суд;
19
нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по раскрсниците.
20
Трските прекршени нема да ги докрши, ниту запалените светила ќе ги угасне, дури не го изведе судот кон победа.
21
И во Неговото име народите ќе се надеваат.«
22
Тогаш доведоа при Него еден бесен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23
И сиот народ се чудеше и велеше: »Не е ли Овој Христос, синот Давидов?«
24
А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: »Он не ги истерува бесовите по друг начин освен преку Велзевула, началникот на ѓаволите.«
25
Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: »Секое царство, ако се раздели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне.
26
И, ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да се запази царството негово?
27
И ако Јас истерувам бесови преку Велзевула, а синовите ваши преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
28
Ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло царството Божјо до вас.
29
Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби куќата?
30
Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.
31
Затоа ви велам, секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето.
32
И, ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но, ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.
33
Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.
34
Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнето срце прикажува устата.
35
Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште – лошо.
36
И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37
оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден.«
38
Тогаш некои од книжниците и фарисеите одговорија и рекоа: »Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.«
39
А Он им одговори и рече: »Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона;
40
оти, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.
41
Ниневијците ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покааја од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
42
И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од крај земја за да ја чуе мудроста на Соломона; но, ете, тука е многу поголем од Соломона.
43
Кога нечистиот дух ќе излезе од човека, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа;
44
па ќе рече тогаш: ‚Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов.‘ И штом дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден;
45
тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој пакостен род.«
46
Додека му зборуваше на народот, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.
47
Некој Му кажа: »Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.«
48
Он му одговори на оној што Му зборуваше и рече: »Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?«
49
И како покажа со рака на учениците Свои, рече: »Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа.
50
Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.«
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28