bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 21
Matthew 21
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 22 →
1
А кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија, при Елеонската Гора, Исус испрати двајца ученици
2
и им рече: »Отидете во селоно, што е наспроти вас, и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете Ми ги!
3
А, ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.«
4
А сето тоа стана за да се искаже кажаното преку пророкот, кој вели:
5
Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот Цар иде при тебе кроток, качен на ослица и осле, син на подјаремница.
6
Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус:
7
ги дотераа ослицата и ослето и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Он седна на нив.
8
А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;
9
а народот, што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: »Осана на Синот Давидов! Благословен е Кој иде во името Господово! Осана на висините!«
10
И кога влезе во Ерусалим, целиот град се збуни, прашувајќи: »Кој е Овој?«
11
А народот одговараше: »Овој е Исус, пророкот од Назарет Галилејски.«
12
И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби,
13
и им рече: »Напишано е: ‚Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече‘, а вие го направивте како разбојничка пештера.«
14
И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
15
А првосвештениците и книжниците, гледајќи ги чудесата што ги направи Он, и слушајќи ги децата како викаа во храмот и велеа: »Осана на Давидовиот Син!«, се расрдија,
16
и Му рекоа: »Слушаш ли што велат тие?« А Исус им рече: »Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на младенците и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба‘?«
17
И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќева.
18
А утредента, враќајќи се во градот огладне;
19
и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: »Отсега да нема плод на тебе довека!« И смоквата веднаш се исуши.
20
Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: »Како веднаш се исуши смоквата!«
21
А Исус им одговори и рече: »Вистина, ви велам: ако имате вера и не се посомните, не само тоа што стана со смоквата ќе извршите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ ќе биде.
22
И сѐ, што и да побарате во молитва со вера, ќе добиете«.
23
И кога дојде Он во храмот и поучуваше, пристапија кон Него првосвештениците и старешините народни и рекоа: »Со каква власт го вршиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?«
24
А Исус им одговори и рече: »И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
25
Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?« А тие размислуваа помеѓу себе и велеа: »Ако кажеме – ‚Од небото‘, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
26
А ако речеме: – ‚Од луѓето‘, се боиме од народот, оти сите го сметаа за пророк.«
27
И, одговарајќи Му на Исуса, рекоа: »Не знаеме.« А Он им рече: »Ни Јас не ви кажувам со каква власт го вршам тоа.«
28
»А како ви се чини ова? Еден човек имаше два сина; па отиде при првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘
29
Тој одговори и рече: ‚Нејќам!‘ Но потоа се покаја и отиде.
30
Па како дојде и при вториот, му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре‘. Но не отиде.
31
Кој од двајцата ја исполни татковата волја?« Му одговорија: »Првиот«. Тогаш Исус им рече: »Вистина ви велам, дека митниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо:
32
зашто дојде при вас Јован по праведен пат и вие не му поверувавте, а митниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се покајавте отпосле, за да му поверувате.«
33
»Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде.
34
И кога наближи времето за берење, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите.
35
Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.
36
Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто.
37
Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘
38
Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.‘
39
Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
40
А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?«
41
Му одговорија: »Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.«
42
А Исус им рече: »Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.‘
43
Затоа ви велам дека царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови.
44
И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а тој врз кого падне, ќе го здроби.«
45
И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,
46
па гледаа да го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28