bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 27
Matthew 27
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 28 →
1
А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини народни направија совет против Исуса за да Го убијат;
2
и откако Го врзаа, Го одведоа, и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.
3
Тогаш Јуда, што го предаде, кога виде дека е Он осуден, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините,
4
велејќи им: »Згрешив, оти предадов невина крв.« А тие му одговорија: »Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти.«
5
И како ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси.
6
Првосвештениците ги прибраа сребрениците и рекоа: »Не чини да се оставаат во црковната каса, оти се цена за крв.«
7
И како се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места.
8
Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива.
9
Тогаш се исполни реченото преку пророкот Јеремија: »И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Непроценливиот, Кого Го оценија синовите Израилеви,
10
и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ«.
11
И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: »Ти ли си Царот Јудејски?« Исус му одговори: »Ти велиш.«
12
И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Он ништо не одговараше.
13
Тогаш Му рече Пилат: »Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?«
14
И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу.
15
А на секој празник Пасха управникот имаше обичај да му отпушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале.
16
Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава.
17
И кога се собраа, Пилат им рече: »Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исуса, наречен Христос?«
18
Оти знаеше дека Го беа предале од завист.
19
Во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: »Не прави Му ништо на Тој Праведник, оти денеска многу пострадав насон, заради Него.«
20
Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби.
21
Тогаш управникот ги праша: »Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?« Тие одговорија: »Варава!«
22
Пилат им рече: »А што да направам со Исуса, наречен Христос?« Му одговорија сите: »Да биде распнат!«
23
Управникот рече: »Па какво зло направил?« Но тие уште посилно извикаа и рекоа: »Да биде распнат!«
24
Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: »Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!«
25
И одговарајќи целиот народ, рече: »Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!«
26
Тогаш им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичуваа, Го предаде да биде распнат.
27
Потоа управниковите војници Го зедоа Исуса во судницата и ја собраа целата чета околу Него,
28
па, откако Го соблекоа, Му облекоа багреница;
29
исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: »Радувај се, Царе Јудејски!«
30
И плукаа на Него и, како ја зедоа трската, Го удираа по главата.
31
А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
32
На излегување сретнаа еден Киринеец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.
33
И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, што значи: место на черепи,
34
Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Он вкуси и не сакаше да пие,
35
А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждреб;
36
па седеа таму и Го чуваа;
37
и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: »Овој е Исус, Царот Јудејски.«
38
Тогаш распнаа со Него и двајца разбојници: едниот од десната страна, а другиот од левата.
39
А минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа
40
и велеа: »Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји слегни од крстот!«
41
Исто така и архијереите, заедно со книжниците и старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа:
42
»Другите ги спаси, а Сам Себе не може да се спаси. Ако е Он Цар Јудејски, нека слезе сега од крстот, па ќе поверуваме во Него.
43
Се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако е по волјата Негова, оти беше рекол: ‚Син Божји Сум!‘«
44
И разбојниците, распнати со Него, Го хулеа исто така.
45
А од шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час;
46
а околу деветтиот час извика Исус со висок глас и рече: »Или! Или! Лама савахтани?« А тоа значи: »Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?«
47
А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: »Овој го вика Илија.«
48
И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие.
49
Другите, пак, велеа: »Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси.«
50
А Исус, откако повторно извика со висок глас, го испушти духот.
51
И наеднаш се расцепи црковната завеса на два дела, од горниот крај до долниот; и земјата се затресе; и карпи паднаа;
52
и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53
па како излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и се јавија на мнозина.
54
А стотникот и оние, што со него заедно Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: »Навистина Овој бил Син Божји!«
55
Таму беа и гледаа оддалеку, исто така, многу жени, што врвеа по Исуса од Галилеја и Му служеа.
56
Меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајка им на Јакова и Јосија, и мајката на Зеведеевите синови.
57
А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше исто така, ученик на Исуса;
58
тој отиде при Пилата и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да го предадат телото.
59
А Јосиф, штом го зеде телото. Го обви во чиста плаштаница,
60
и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде.
61
А таму беа Марија Магдалина и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
62
На другиот ден, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите при Пилата,
63
и му рекоа: »Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам.‘
64
Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.«
65
Пилат им рече: »Имате стража; одете и направете како што знаете.«
66
Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, и каменот го запечатија.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28