bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 13
Matthew 13
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
1
И како излезе Исус тој ден од куќата, седна покрај морето.
2
И се собра околу Него многу народ, така што Он влезе во кораб и седна, а целиот народ стоеше на брегот.
3
И им говореше многу во параболи, велејќи: »Ете, излезе сејач да сее;
4
и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот, долетаа птици и ги исколваа.
5
Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, оти земјата не беше длабока.
6
Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како да немаа корен, се исушија.
7
Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8
Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет.
9
Кој има уши да слуша, нека чуе!«
10
И кога се приближија до Него учениците, Му рекоа: »Зошто во параболи им зборуваш?«
11
А Он им одговори и рече: »Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12
Оти, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има;
13
Затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не виѓаваат; слушаат и не чујат, ниту, пак, разбираат;
14
и над нив се исполнува пророкувањето на Исаија, кое вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15
срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да не се покајат и да не ги исцелам.‘
16
Вашите, пак, очи се блажени, оти гледаат, и ушите ваши – бидејќи слушаат;
17
зашто, вистина, ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.
18
Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот:
19
при секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граби посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот.
20
А посеаното на камен е оној, што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21
но нема во себе корен и е непостојан: настане ли жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
23
А посеаното на добра земја е оној, што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а друг триесет.«
24
И друга парабола им кажа, велејќи: »Царството небесно прилега на човек, што посеал добро семе на својата нива;
25
но, кога спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеа меѓу житото какол, па си отиде.
26
А кога израсна растението и донесе плод, тогаш се појави и каколот.
27
И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘
28
А он им рече: ‚Човек непријател го прави тоа.‘ Слугите, пак, му рекоа: ‚Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘
29
Но тој им рече: ‚Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито;
30
оставете нека расте и едното и другото заедно, до жетвата; а по жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори; а житото приберете го во мојата житница‘.«
31
И друга парабола им кажа, кога рече: »Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зема и посеа на нивата своја;
32
тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па станува дури и дрво – така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки.«
33
И друга парабола им кажа: »Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.«
34
Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без приказни не им говореше ништо;
35
за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: »Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот«.
36
Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: »Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!«
37
А Он им одговори и рече: »Сејачот на доброто семе е Синот Човечки;
38
нивата е овој свет; доброто семе, тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот;
39
непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е свршетокот на светот, а жетварите се ангелите.
40
И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при свршетокот на овој свет;
41
ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела,
42
и ќе ги фрлат во жарена печка; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
43
Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!
44
Царството небесно прилега уште и на драгоценост, сокриена во нива, која ја нашол човек и прикрил, па, од радост за неа, отишол и продал сѐ што имал, и ја купил таа нива.
45
Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46
па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.
47
Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби:
48
и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат.
49
Така ќе биде и при свршетокот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните,
50
и ќе ги фрлат во вжарена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.«
51
И ги праша Исус: »Дали го разбравте сево ова?« Тие Му одговорија: »Да, Господи!«
52
А Он им рече: »Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.«
53
И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54
А штом дојде во својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа: »Од каде при Него ваква премудрост и сили?
55
Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија, и браќата негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56
И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?«
57
И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: »Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.«
58
И не изврши таму многу чудеса заради нивното неверување.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28