bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 14
Matthew 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во тоа време гласот за Исуса дојде и до Ирода, четворовласникот;
2
и им рече на своите потчинети: »Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чудеса преку него.«
3
Зашто Ирод, кога го фати Јована, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брата му Филипа;
4
бидејќи Јован му велеше: »Не бива да е твоја!«
5
И сакаше да го убие, но се боеше од народот, оти го сметаа за пророк.
6
И кога беше родениот ден на Ирода, ќерката Иродијадина играше пред гостите и му угоди на Ирода;
7
затоа, тој со клетва ѝ вети дека ќе ѝ даде што и да побара.
8
И таа, научена од мајка си, рече: »Дај ми ја овде на табла главата на Јована Крстител!«
9
И се загрижи царот; но заради клетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.
10
Па прати, та ја отсекоа главата на Јована во затворот.
11
И ја донесоа главата негова на табла и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12
Учениците, пак, негови, како дојдоа, го дигнаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Му јавија на Исуса.
13
Штом го чу тоа Исус, замина оттаму на кораб, во пусто место, Сам; а народот, штом узна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
14
И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни.
15
А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: »Овде е местово пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.«
16
Но Исус им рече: »Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!«
17
А тие Му рекоа: »Ние имаме само пет лебови и две риби.«
18
Он им рече: »Донесете Ми ги тука!«
19
И како му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
20
И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21
А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата.
22
И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.
23
Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
24
А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен.
25
Но на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.
26
А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: »Тоа е привидение« и од страв извикаа.
27
Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: »Не бојте се! Јас сум, не плашете се!«
28
А Петар, одговарајќи Му, рече: »Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!«
29
И Исус му рече: »Дојди!« Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;
30
но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: »Господи, спаси ме!«
31
Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: »Маловернику, зошто се посомнева?«
32
И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33
А оние, што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: »Навистина, Ти си Син Божји!«
34
Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска.
35
Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа при Него сите болни.
36
И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие, штом се допираа, се излекуваа.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28