bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 22
Matthew 22
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
1
И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече:
2
»Царството небесно прилега на човек цар, кој направи свадба на сина си,
3
и ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие нејќеа да дојдат.
4
Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадба!‘
5
Но тие не сакаа да знаат за тоа, а си отидоа: кој на нива, кој по трговија;
6
а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмеаја и ги убија.
7
Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.
8
Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9
Затоа одете по раскрсниците и, колку души ќе најдете, поканете ги на свадба!‘
10
И како излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.
11
Кога влезе, пак, царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбени алишта.
12
Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше.
13
Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби;
14
зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани‘.«
15
Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат во некој збор.
16
И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, говорејќи: »Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој;
17
затоа кажи ни, како Ти се чини: треба ли да се дава данок на царот или не?«
18
Но Исус го разбра лукавството нивно и рече: »Што Ме искушувате, лицемери?
19
Покажете Ми една даночна пара!« Тие Му донесоа еден динариј.
20
И им рече: »Чиј е овој лик и натпис?«
21
Тие одговорија: »На царот.« Тогаш им рече: »Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!«
22
И штом го чуја тоа, тие се зачудија и, оставајќи Го, си отидоа.
23
Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи:
24
»Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си!‘
25
При нас беа седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;
26
исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;
27
а по сите нив умре и жената.
28
При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?«
29
Исус им одговори: »Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;
30
зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата.
31
А за воскресението на мртвите не сте ли читале, што ви рекол Бог, Кој вели:
32
‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов‘. Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.«
33
И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на неговата наука.
34
А фарисеите, кога чуја дека ги посрами садукеите, се здружија со нив.
35
И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече:
36
Учителе, која заповед е најголема во Законот?
37
А Исус му одговори: »Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;
38
тоа е прва и најголема заповед;
39
а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!
40
На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.«
41
И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
42
Што мислите за Христа? Чиј е син? Му одговорија: Давидов.
43
Им рече: »Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи:
44
‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
45
И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Он син?«
46
И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28