bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Matthew 23
Matthew 23
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 24 →
1
Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои,
2
говорејќи: »На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
3
Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
4
врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат;
5
и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека;
6
сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,
7
и поздрави по улиците, и да им велат луѓето ‚учителе, учителе!‘
8
А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа;
9
и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата;
10
и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник – Христос.
11
Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга;
12
зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.
13
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.
14
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
15
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
16
Тешко вам, водачи слепи, кои велите: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е.‘
17
Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?
18
Исто така велите: ‚Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘
19
Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?
20
А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него;
21
и кој се заколне во црквата, се колне во неа и во Оној, Кој живее во неа;
22
и кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
23
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
24
Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате.
25
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и неправда.
26
Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
27
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија;
28
така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
29
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ѕидате гробници за пророците и ги украсувате спомениците на праведните,
30
па велите: ‚Ако живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците‘.
31
А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние, што ги убиле пророците.
32
Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши.
33
Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
34
Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги биете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
35
за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
36
Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род.
37
Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте.
38
Ете, ви се остава вашиот дом пуст.
39
Оти, ви велам: нема да Ме видите отсега дури не кажете: ‚Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!‘«
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28