bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 1
Revelation 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 2 →
1
Откровение на Исуса Христа, кое Му го даде Бог, за да го покаже на слугите Свои она, што треба да стане скоро. И Он го јави тоа на слугата Свој Јована, преку Својот ангел,
2
кој што го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исуса Христа, и сѐ што виде.
3
Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.
4
Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови, кои се пред Неговиот престол,
5
и од Исуса Христа, Кој е верен сведок, Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв
6
и Кој нѐ направи пред Бога и Својот Отец цареви и свештеници, слава и држава во веки веков. Амин!
7
Ете, иде со облаците, и ќе Го види секое око, и оние, што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите земни племиња. Да. Амин!
8
Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој бил, и Кој иде, Седржителот.
9
Јас, Јован, кој што сум и брат ваш и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос, заради словот Божјо и заради сведоштвото за Исуса Христа.
10
Еден неделен ден бев обземен од дух и зад себе чув силен глас како од труба, кој велеше: »Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот;
11
и тоа, што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Тиатир, во Сард, во Филаделфија и во Лаодикија!«
12
И се обѕрнав за да го видам гласот, што зборуваше со мене; и, откако се обѕрнав, видов седум златни светилници,
13
а сред седумте светилници еден, сличен на Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и по градите препашан со златен појас;
14
главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;
15
нозете Негови – слични на светол бакар, како во печка вжарени, а гласот Негов – како шум од многу води.
16
Во Својата десна рака Он држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Негово светеше како што сонцето сјае во својата сила.
17
Штом Го видов, паднав пред нозете Негови како мртов. Он ја сложи Својата десна рака врз мене и ми рече: »Не бој се! Јас сум Првиот и Последниот
18
и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови. Амин! И ги имам клучевите од адот и смртта.
19
И така напиши, што виде, што е и што има да стане по тоа.
20
Ова е тајната на седумте ѕвезди, што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте светилници, што ги виде, се седумте цркви.«
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22