bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 9
Revelation 9
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
1
Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И ѝ се даде клучот од кладенецот на бездната;
2
па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.
3
И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.
4
И им се рече: да не ја повредуваат земната трева, ниту какво и да било зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои.
5
И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и мачењето нивно беше како мачење од скорпија, кога каснува човек.
6
Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7
По својот облик скакулците личеа на коњи, приготвени за војна: на главите нивни имаше како златни круни, а лицата им беа како лица човечки;
8
имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови.
9
И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коли со многу коњи, кои трчаат во војна.
10
Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци.
11
И за цар над себеси го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по Елински – Аполион.
12
Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.
13
И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,
14
кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: »Ослободи ги четирите ангели, врзани при големата река Еуфрат!«
15
И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да ја убијат третината од луѓето.
16
Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.
17
И така во видение ги видов коњите и оние, кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур.
18
А од тие три зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре третината од луѓето;
19
бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пакостеа.
20
А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на рацете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бакарни, камени и дрвени, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат;
21
и не се покајаа ни за убиствата свои, ни, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, нити за кражбите свои.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22