bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 10
Revelation 10
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 11 →
1
И видов друг силен ангел како слегнува од небото, опфатен од облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови;
2
во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави десната своја нога над морето, а левата – над земјата;
3
и извика со висок глас, како што рика лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови.
4
И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој што ми зборуваше: »Запечати го тоа, што зборуваа седумте громови, и немој да го пишуваш!«
5
И ангелот, кого го видов да стои над морето и над земјата, крена рака кон небото
6
и се заколна во Оној, Кој живее во веки веков, и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него – дека не ќе има веќе време,
7
но во деновите, кога седмиот ангел ќе возгласи и затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Он на своите слуги – пророците.
8
И гласот, што го бев чул од небото, одново прозборува за мене и рече: »Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот, што стои над морето и над земјата!«
9
Тогаш отидов при ангелот и му реков: »Дај ми ја книшката!« Тој ми одговори: »Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.«
10
Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата моја беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот мој.
11
И ми рече: »Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.«
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22