bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 14
Revelation 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 15 →
1
Потоа видов: ете, Агнецот стои на гората Сион, и со Него сто и четириесет и четири илјади, што ги имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.
2
И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на гуслари, што свират на гуслите свои
3
и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и Старците; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто и четириесет и четири илјади, кои што беа откупени од земјата.
4
Тие се, што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се, што врват по Агнецот, каде и да оди. Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Агнецот,
5
и во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Божји.
6
И видов друг ангел како лета посреде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ.
7
Тој зборуваше со висок глас: »Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори!«
8
И друг ангел се појави по него, велејќи: »Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!«
9
И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: »Кој ќе му се поклони на ѕверот и на ликот негов, и прими белег на челото свое или на раката своја,
10
тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излиено во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Агнецот.
11
Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние, што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговиот образ, и што ќе го примат белегот на неговото име!«
12
Тука е трпението на светиите; тука се оние, што ги пазат заповедите Божји и верата во Исуса.
13
И чув глас од небото да ми вели: »Напиши – блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, оти делата нивни ги следат!«
14
И видов: ете, светол облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на главата Своја Он имаше златен венец, а во раката – остар срп.
15
И друг ангел излезе од храмот и му извика со силен глас на оној, што седеше на облакот: »Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: оти житото на земјата е зрело!«
16
И оној, што седеше на облакот, го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана.
17
И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.
18
И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној, што имаше остар срп, велејќи: »Фрли го српот свој и обери го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели!«
19
И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев,
20
и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22