bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 17
Revelation 17
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 18 →
1
Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: »Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која што седи над многу води;
2
со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!«
3
И ме одведе со духот во пустина: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
4
А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.
5
А на челото ѝ беше напишано името: »Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.«
6
И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и од крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу, кога ја видов.
7
И ми рече ангелот: »Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.
8
Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема: тој ќе излезе од бездната, и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.
9
Овде е потребен ум, што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори, врз кои седи жената;
10
а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.
11
И ѕверот, што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.
12
А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.
13
Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.
14
Тие ќе војуваат против Агнецот, и Агнецот ќе ги победи, оти Он е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.«
15
И ми рече: »Водите, што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.
16
А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.
17
Оти Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.
18
А жената, која што ја виде ти, е големиот град, кој царува над земните цареви.«
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22