bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 8
Revelation 8
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 9 →
1
Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час.
2
И ги видов седумте ангели, што стоеја пред Бога и им се дадоа седум труби.
3
Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му се даде многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник, што беше пред престолот.
4
Димот од темјанот со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.
5
И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.
6
И седумте ангели, што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.
7
Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета трева зелена изгоре.
8
Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третината од морето се претвори во крв;
9
и умре третината од морските суштества, кои што имаа душа; и една третина од лаѓите пропаднаа.
10
И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.
11
А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.
12
Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена третината од сонцето, третината од месечината и третината од ѕвездите, за да им потемнее нивниот трет дел, та третината од денот, како и на ноќта, да не свети.
13
И видов и чув еден орел како лета посреде небото и да вика со висок глас: »Тешко, тешко, тешко на оние што живеат по земјата од другите трубни гласови на трите ангели, што ќе трубат!«
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22