bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 16
Revelation 16
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
1
И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: »Одете, излијте ги седумте чаши со гневот Божји на земјата!«
2
И отиде првиот ангел, и ја изли чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и, му се поклонуваа на ликот, се појавија лоши и лути рани.
3
И вториот ангел ја изли чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.
4
Третиот ангел ја изли чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.
5
Потоа го чув ангелот на водите како вели: »Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, и Кој си свет, зашто така осуди,
6
бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!«
7
И чув друг да зборува од жртвеникот: »Да, Господи Боже Седржителу, вистинити и праведни се твоите пресуди!«
8
Четвртиот ангел ја изли чашата своја врз сонцето; и му се даде луѓето да ги жари со оган.
9
И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога, Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.
10
Петтиот ангел ја изли чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка
11
и похулија на небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.
12
Шестиот ангел ја изли чашата своја во големата река Еуфрат; и се пресуши водата нејзина, за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.
13
И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14
оти тоа се ѓаволски духови, кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бога Седржителот.
15
»Ете, Јас доаѓам како крадец: блажен е оној, кој што бдее и пази на алиштата свои, за да не оди гол, и да не се гледа срамот негов!«
16
И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.
17
Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небесниот храм се пронесе силен глас, кој што извика: »Се сврши!«
18
И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков и голем и силен потрес, каков што не станал откако има луѓе на земјата.
19
Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а Вавилон големиот се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.
20
Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.
21
И град, голем како талант, падна од небото, на луѓето; а луѓето похулија на Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22