bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Revelation 19
Revelation 19
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 20 →
1
Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој велеше: »Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог,
2
зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи он ја осуди големата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.«
3
И повторно рекоа: »Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во веки веков!«
4
Тогаш паднаа дваесет и четирите Старци и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: »Амин, алилуја!«
5
А од престолот излезе глас, кој велеше: »Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои што се боите од Него, големи и мали!«
6
И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици, кои велеа: »Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот!
7
Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Агнецот, и жена Му се приготви!
8
И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.« А висонот е праведноста на светиите.
9
И ми рече: »Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера при Агнецот!« А ми рече уште: »Ова се вистински Божји зборови!«
10
И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: »Стој, не – јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!«
11
И го видов небото отворено, и ете, коњ бел. Оној, Кој јаваше на него, се вика Верен и Вистинит, и Он праведно суди и војува;
12
очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име, кое освен Него, никој не го знаеше.
13
И беше облечен во облека, натопена со крв, и со името – Слово Божјо.
14
А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.
15
Од устата Негова излегуваше остар меч, за да ги порази со него идолопоклониците. Он ќе ги пасе со железен жезал, и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.
16
На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: »Цар над царевите« и »Господар над господарите.«
17
Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици, што летаа среде небото: »Долетајте и соберете се на големата вечера Божја,
18
да јадете тела на цареви, тела од војводи, тела од силни, тела од коњи и од нивните јавачи, и тела од сите – слободни и робови, мали и големи!«
19
Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски, собрани за да војуваат против Оној, Кој седеше на коњ, и Неговата војска.
20
Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние, што беа примиле белег од ѕверот и му се клањаа на неговиот лик: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
21
другите, пак, беа убиени со мечот, што излегуваше од устата на Оној, Кој седеше на коњот. И сите птици се наситија од телата нивни.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22