bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 12
2 Chronicles 12
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 13 →
1
Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го остави законот Господов, а заедно со него и сиот Израел.
2
На петтата година од Ровоамовото царување, бидејќи Му беа неверни на Господ, Шишак, египетскиот цар, се крена против Ерусалим,
3
со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници; со него од Египет дојде безброен народ: Либијци, Сукимци и Етиопјани.
4
И ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.
5
Тогаш пророкот Шемаја дојде кај Ровоам и кај јудејските началници, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Шишак, и им рече: „Вака вели Господ: ‚Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Шишак.‘“
6
Израелските началници и царот понизно рекоа: „Праведен е Господ!“
7
Кога виде Господ дека тие се понизија, дојде словото Господово до Шемаја и беше речено: „Нема да ги погубам, туку наскоро ќе ги избавам; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката на Шишак;
8
сепак, тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства.“
9
Египетскиот цар Шишак дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде сѐ, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соломон.
10
Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во рацете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом.
11
Кога одеше царот во Господовиот дом, доаѓаа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги враќаа во живеалиштето на чуварите.
12
И бидејќи тој се понизи, гневот Господов се одврати од него и не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.
13
Се зацврсти царот Ровоам во Ерусалим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, кого Господ го избра меѓу сите племиња Израелови, за да го постави таму името Негово. Мајка му се викаше Ноема, а беше Амонка.
14
Тој правеше зло, зашто не го беше насочил срцето свое за да Го бара Господа.
15
А делата на Ровоам, од првите, до последните, се опишани во записите на пророкот Шемаја и јасновидецот Идо и во родословијата. Помеѓу Ровоам и Јеровоам постојано имаше војни.
16
Ровоам почина кај своите предци и беше погребан во Давидовиот град. И на негово место се зацари неговиот син Авија.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36