bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 8
2 Chronicles 8
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 9 →
1
Откако, изминаа дваесет години, во кое време Соломон го градеше домот Господов и својот дом,
2
Соломон ги изгради и градовите, што му ги беше дал Хирам, и ги всели во нив синовите израелски.
3
Потоа отиде Соломон против Хамат-Цова и го презеде.
4
Го изгради Тадмор во пустината и сите градови за житници, какви што направи во Хамат.
5
Ги изгради Горни Веторон и Долни Веторон, градови утврдени со ѕидишта, порти и резиња,
6
и Ваалат и сите градови за складови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњаница, и сѐ што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето царство.
7
Сите луѓе, останати од Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, што не беа од синовите Израелови —
8
децата нивни, останати по нив на земјата, кои синовите Израелови не ги беа истребиле — Соломон ги потчини и принуди да плаќаат данок сѐ до ден-денес.
9
А синовите Израелови Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и главни над неговите воени началници и заповедници на колите и коњаницата негова.
10
Главните настојници, што управуваа со народот кај царот Соломон, беа двесте и педесет.
11
Соломон ја пренесе ќерката фараонова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее кај мене во домот на израелскиот цар Давид, бидејќи домот е осветен: во него е влезен ковчегот Господов.
12
Тогаш Соломон почна да Му принесува сепаленици на Господ на жртвеникот Господов, што беше го изградил пред тремот,
13
за принесување сепаленици, според наредбите секој ден, како што беше заповедал Мојсеј, во саботите и во новомесечијата и во празниците трипати во годината: на празникот Бесквасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници.
14
И ги установи, според распоредот на татко си Давид, смените и свештениците според службата нивна, на левитите според смените нивни, за да славословат и да служат при свештениците според потребите за секој ден, и на вратарите според смените нивни, кај секоја врата, бидејќи таква беше заповедта на Давид, Божјиот човек.
15
И не отстапуваа од царевите заповеди за свештениците и за левитите во ништо, ниту пак за ризницата.
16
Така беше подготвена целата работа на Соломон од денот, кога се основа домот Господов, до целосното завршување негово.
17
Тогаш отиде Соломон во Ецјон-Гевер и во Елат, што е на морскиот брег, во земјата едомска.
18
И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соломонови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет кикари злато, и му го донесоа на царот Соломон.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36