bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 28
2 Chronicles 28
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 29 →
1
Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; и тој не го правеше угодното во очите Господови, како што правеше неговиот предок Давид;
2
тој одеше по патот на израелските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци;
3
и тој кадеше во долината на Хиномовите синови, и ги протеруваше низ огин синовите свои, според гнасотиите на оние народи, кои Господ ги прогони пред лицето на израелските синови;
4
принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво.
5
Затоа Господ, неговиот Бог, го предаде во рацете на арамејскиот цар, и Арамејците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израелскиот цар, и тој му нанесе голем пораз.
6
Факиј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет илјади Јудејци, храбри војници, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци.
7
А Зихриј, силен јунак од Ефремците, го уби Маасејаху, царевиот син, и Азрикам, началник на дворот, и Елкана, втор по царот.
8
И зедоа синовите израелски од браќата свои, Јудејците, двесте илјади жени, синови и ќерки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија.
9
Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која одеше во Самарија, и им рече: „Ете, Господ, Бог на предците ваши, во гневот Свој против Јудејците, ги предаде во ваша рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата.
10
И сега мислите да ги направите синовите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господ, вашиот Бог?
11
Затоа послушајте ме, и вратете ги заробениците, што сте ги заробиле од браќата свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас.“
12
И некои од началниците на синовите Ефремови: Азарија, син Јоананов, Варахија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлаев, застанаа спроти оние што доаѓаа од војна.
13
И им рекоа: „Не доведувајте ги заробениците тука, зашто би згрешиле пред Господ. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израел.“
14
И вооружените ги оставија заробениците и пленот кај воените началници и пред целото собрание.
15
И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа заробениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното — ги облекоа и ги обуја, и ги нахранија, и ги напоија, и ги помазаа со масло, и ги качија на магариња сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, кај браќата нивни, и се вратија во Самарија.
16
Во тоа време царот Ахаз ги замоли асирските цареви да му помогнат,
17
зашто Едомците уште напаѓаа и мнозина убија и заробија во Јудеја.
18
А Филистејците се раширија по градовите во низината и во јужна Јудеја и го презедоа Ветсамис и Ајалон, Гедерот и Сохо со потчинетите му градови. Тимна со потчинетите ѝ градови и Гимзо со потчинетите му градови, и се населија таму.
19
Така ја понижи Господ Јудеја поради Ахаз, царот јудејски, зашто тој ја разврати Јудеја и тешко грешеше пред Господ.
20
И дојде кај него асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, но му беше од штета, наместо да му помогне,
21
зашто Ахаз ги зеде ризниците од домот Господов, од царскиот дом и од началниците, и сѐ му даде на асирскиот цар, но и тоа не му помогна.
22
И во таа притеснета положба тој продолжуваше да прави беззаконија пред Господ, таков беше царот Ахаз;
23
им принесуваше жртви на дамаските богови, мислејќи дека тие го поразија, па велеше: „Боговите на арамејските цареви им помагаат; ќе им принесам жртва, тие и мене ќе ми помогнат.“ Но тие му беа за пропаст и нему и на целиот Израел.
24
Ги собра Ахаз садовите на домот Божји и ги разби, ја затвори вратата на домот Господов и си изгради жртвеници по сите агли на Ерусалим,
25
по сите градови Јудини направи оброчишта, за да кади на туѓи богови, и Го дразнеше Господ, Бог на своите предци.
26
Другите дела и сите негови постапки, од првите па до последните, се опишани во Книгата на царевите јудејски и израелски.
27
И почина Ахаз кај своите предци, и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го внесоа во гробниците на израелските цареви. Наместо него стана цар синот негов Езекија.
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 29 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36