bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 34
2 Chronicles 34
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 33
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 35 →
1
Јошија имаше осум години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година.
2
Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиштата на својот предок Давид и не скршнуваше ни лево ни десно.
3
На осмата година од царувањето свое, бидејќи уште беше момче, почна да Го бара Бога на својот предок Давид, а во дваесеттата година почна да ја чисти Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените дрвја и од извајаните и излеаните идоли.
4
Зашто пред лицето негово ги разрушија жртвениците на Вааловци и идолите, што се издигаа над нив; ги исече посветените дрвја, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и разби во прав, растурајќи ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви;
5
коските на жреците ги изгоре врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим.
6
Во градовите на Манасија, Ефрем и Симеон, дури до коленото Нефталимово, и во нивните опустошени околини,
7
тој ги собори жртвениците и посветените дрвја, ги разби во прав ликовите и ги скрши сите идоли по целата израелска земја, и се врати во Ерусалим.
8
На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафан, синот Ацалиев, Маасејаху, градоначалникот, и Јоах, син Јоахазов, писар, за да го обноват домот на Господ, нивниот Бог.
9
Тие отидоа кај првосвештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари кај прагот, од рацете на Манасија, Ефрем, од сите други Израелци, од синовите на Јуда и на Венијамин и од жителите ерусалимски.
10
Го дадоа тоа во рацете на надгледниците, одредени во домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ќе работат во Господовиот дом на поправката и обновувањето на домот.
11
И тие им раздаваа на дрводелците и ѕидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање на зградите кои јудејските цареви ги беа разрушиле.
12
Тие луѓе чесно ја вршеа својата работа, а за надзорници над нив беа поставени Јахат и Авдија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Мешулам од Каатовите синови, и сите левити, што умееја да свират на музички направи.
13
Тие беа одредени над носачите и ги надгледуваа сите работници кај секоја работа: а другите левити беа и писари, и надгледници, и вратари.
14
Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свештеникот Хелкија ја најде Книгата на Законот Господов, даден преку Мојсеевата рака.
15
Проговори Хелкија, па му рече на писарот Сафан: „Ја најдов Книгата на Законот во домот Господов.“ Хелкија му ја даде книгата на Сафан.
16
А Сафан ја однесе книгата кај царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: „Твоите слуги вршат сѐ што им е таму наредено.“
17
Го истурија среброто, што се наоѓаше во домот Господов, и го предадоа во рацете на надгледниците и во рацете на работниците.
18
Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: „Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја прочита пред царот.
19
Кога ги чу царот зборовите на законот, ја раскина својата облека.
20
И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикам, син Сафанов, на Авдон, син Михеев, и на писарот Сафан и на царскиот слуга Асаја, велејќи:
21
„Одете и прашајте Го Господ за мене, за другите во Израел и за Јуда заради зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов, кој пламна врз нас, затоа што татковците наши не ги запазија Господовите зборови, за да постапуваат според она што е напишано во таа книга.“
22
Тогаш Хелкија и оние, што беа испратени од царот, отидоа кај пророчицата Хулда, жена на Селум, син на Токхат, син на Асра ризничарот, — а таа живееше во новиот дел на Ерусалим, — и говореа со неа за тоа.
23
Таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене.
24
Вака вели Господ: ‚ете, ќе испратам зло врз ова место и врз жителите негови — сите проклетства, напишани во книгата, што ја читаа пред лицето на јудејскиот цар,
25
поради тоа што Ме оставија и кадеа на други богови, за да Ме разгневат со сите дела на рацете свои. Затоа гневот Мој ќе се разгори над ова место и нема да згасне.‘
26
А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‚вака вели Господ, Бог Израелов, за зборовите, што си ги чул:
27
бидејќи срцето ти омекна, и ти се понизи пред Господ, откако чу што вели Тој за ова место и за жителите негови, и понизувајќи се пред Мене и ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, затоа и Јас те слушнав, вели Господ.
28
Ете, Јас ќе те приберам кај предците твои, и ќе бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ќе го испратам врз ова место и против жителите негови.‘“ И му го однесоа одговорот на царот.
29
Тогаш царот заповеда да се соберат сите старешини од Јудеја и Ерусалим,
30
па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите ерусалимски, и свештениците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од Книгата на заветот, најдена во домот Господов.
31
Потоа царот се исправи на местото свое и склучи завет пред лицето на Господ — да Го следат Господа и да ги запазат од сѐ срце и со сета душа заповедите Негови, откровенијата негови и законите Негови, та да ги извршат зборовите на заветот, напишани во таа книга.
32
И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венијаминова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бог на нивните предци.
33
И ги отстрани Јошија сите гадотии од сите земји на израелските синови, и им заповеда на сите во земјата израелска да Му служат на Господ, својот Бог. И во сите денови на животот негов тие не отстапуваа од Господ Бог на нивните предци.
← Chapter 33
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 35 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36