bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 23
2 Chronicles 23
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 24 →
1
Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со себеси стоначалниците, Азарија, синот Јерохамов, Исмаил, синот Јоананов, Азарија, синот Овидов, Маасејаху, синот Адаев, и Елишафат, син Зихриев.
2
Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и израелските старешини на татковските домови и дојдоа во Ерусалим.
3
И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: „Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.
4
Еве, што ќе направите: едната третина од вас, свештениците и левитите, што доаѓаа во сабота, нека бидат вратари кај праговите,
5
втората третина — кај царскиот дом, третата третина — кај портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.
6
И никој да не влегува во домот Господов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека се придржува кон наредбите Господови.
7
И левитите нека го опколат царот од сите страни, секој со оружје в рака, и кој ќе влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете со царот, каде и да влезе или излезе.“
8
Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.
9
Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;
10
и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната страна на храмот кај жртвеникот и кај домот околу царот.
11
Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија круна и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: „Да живее царот!“
12
Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господов
13
и виде: ете царот стои на своето возвишено место кај влезот, а кај царот — началници и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со труби и со свирки, пејачи вешти во славословење. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: „Предавство! Предавство!“
14
Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од храмот, и кој ќе тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов.“
15
И ѝ направија пат; а кога таа дојде до влезот на Коњската Врата на пат кон царскиот дом, ја убија таму.
16
Јодај воспостави завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов.
17
И целиот народ отиде во храмот на Ваал, та го разруши, и жртвениците негови и идолите негови ги разрушија, а Матан, Вааловиот свештеник, го убија пред жртвениците.
18
И Јодај ги постави службите на Господовиот дом во рацете на левитските свештеници и ги обнови дневните свештенички и левитски смени, како што ги беше распоредил Давид во домот Господов, да Му принесуваат сепаленица на Господ, како што е напишано во законот Мојсеев, со радост и пеење, според Давидовата уредба.
19
И постави вратари кај вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.
20
И ги зеде стоначалниците и велможите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Господов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.
21
И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се успокои, откако Готолија ја убија со меч.
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36