bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 36
2 Chronicles 36
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
1
Народот на таа земја го зеде Јоахаз, синот Јошиев, го помаза и го постави за цар на местото од таткото негов во Ерусалим.
2
Јоахаз имаше дваесет и три години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца.
3
Египетскиот цар го собори од престолот во Ерусалим, го одведе во Египет и ѝ наложи на земјата глоба од сто кикари сребро и еден кикар злато.
4
Египетскиот цар го постави братот негов Елијаким за цар над Јудеја и над Ерусалим, и му го смени името во Јоаким, а братот негов Јоахаз, Нехо го зеде и го одведе во Египет.
5
Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог.
6
Против него излезе Навуходоносор, царот вавилонски, и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон.
7
Дел од садовите на Господовиот дом пренесе Навуходоносор во Вавилон и ги постави во своето идолско светилиште во Вавилон.
8
Другите дела на Јоаким и гадотиите, што ги изврши и какви што се најдоа кај него, се опишани во книгата за царевите израелски и јудејски. Место него стана цар синот негов Јехониј.
9
Јехониј имаше осумнаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца и десет дена. Тој го правеше, она што беше лошо пред очите Господови.
10
Откако измина годината, царот Навуходоносор испрати и заповеда да го доведат во Вавилон заедно со скапоцените садови на Господовиот дом, го постави за цар на Јудеја и Ерусалим братот негов Седекија.
11
Седекија имаше дваесет и една година кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години;
12
и тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. Тој не се понизи ни пред пророкот Еремија, кој пророкуваше од Господовата уста.
13
И се одметна од царот Навуходоносор, кој го заколнал во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое дотаму, што не се обрати кон Господ, Бог Израелов.
14
Па и сите началници над свештениците и над народот ги зголемија своите престапи, следејќи ги сите гадотии на незнабошците, и го осквернуваа домот на Господ, што Тој го беше осветил во Ерусалим.
15
Господ, Бог на нивните предци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште.
16
Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Негови, додека гневот на Господ не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение.
17
И Тој го испрати врз нив халдејскиот цар, и тој ги уби со меч младинците нивни во домот на нивната светиња; не го поштеди ни Седекија — ни девица, ни старец, ни немоќен. Сѐ предаде Бог во раката негова.
18
И сите садови на Божјиот дом, големи и мали, и ризниците на домот Господов, и ризниците на царот и началниците негови, — сѐ однесе во Вавилон.
19
Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги уништија.
20
А избавените од меч Навуходоносор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар,
21
за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија: додека земјата не ги отпразнува своите саботи, ќе почива во пустош, сето тоа време, сѐ додека не се навршат седумдесет години.
22
А во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија, Господ го подбуди духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото негово царство, усно и писмено, и да кажат:
23
„Вака рече Кир, царот персиски: ‚Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, Господ, неговиот Бог нека биде со него, и тој нека оди таму.‘“
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36