bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 5
2 Chronicles 5
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 6 →
1
И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Господов. И го внесе Соломон посветеното од татко му Давид сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом.
2
Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите старешини на племињата на Израел и сите началници на домовите на Израеловите синови, за да го пренесат ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион.
3
И се собраа кај царот сите Израелци на празникот, во седмиот месец.
4
И дојдоа сите старешини израелски. Левитите го кренаа ковчегот;
5
го понесоа ковчегот и скинијата на собранието и сите свети садови, што беа во скинијата, — го понесоа свештеници и левити.
6
А царот Соломон и сиот народ, што се беше собрал кај него пред ковчегот, принесуваа жртви — овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат.
7
И свештениците го внесоа ковчегот на заветот Господов на местото негово, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.
8
Херувимите беа со раширени крилја над местото на ковчегот и го покриваа ковчегот и лостовите негови одозгора.
9
Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Светињата над светињите, но не и надвор; тие се таму и ден денес.
10
Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ направи завет со Израеловите синови, по излегувањето нивно од Египет.
11
Кога свештениците излегоа од светилиштето — зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, без разлика на нивните редови,
12
тогаш сите пејачи — левити: Асаф, Еман, Једутун и синовите нивни и браќата нивни, облечени во свечени облеки, со кимвали, харфи и лири стоеја на источната страна од жртвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби.
13
И додека трубеа и пееја сложно во еден глас, воспевајќи и славопоејќи Го Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите Го фалеа Господа дека е добар дека милоста Негова е вечна, — тогаш домот Господов се исполни со облак,
14
така што поради облакот свештениците не можеа да продолжат со служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36